Кој би можел да одолее на ВАКОВ РУЧЕК: Обидете се да изедете САМО 1 РОЛНИЧКА

Ништо повкусно, а и поедноставно не сте пробале во последно време.

Состојки:
Пилешко бело месо
200 гр шунка
200 гр тврд кашкавал
За бешамел:
4 лажици масло
4 лажици брашно
0,5 л млеко
Зачини: мускантно оревче, сол, магдонос
2 големи лажици кисела павлака

Припрема:

1. Од белото пилешко месо одстранете ги коските и исечете ги на тенки листови. Тие поголемите преполовете ги, а ако се помали, ставете по две. Ставете го кашкавалот, шунката, па пилешкото.

2. Направете ролнички и наредете ги во огноотпорен сад.

3. Бешамел
На масло пропржете го брашното. Со додавање на млеко направете густ сос, додадете ги зачините и на крајот киселата павлака, па добро измешајте. Прелијте преку ролничките и печете на 200 степени околу 30 минути.

4. Готовите ролнички малку нека се изладат, а потоа послужете ги со црвен ориз (ориз со црвен пипер) или нешто по ваша желба. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.