Кој бил Васил Чакаларов?

Васил Чакаларов (Смрдеш, 1874 – Бел Камен, Леринско, 9 јули 1913) бил македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Васил Чакаларов (с.Смредеш, Костурско, 1874 – Костурско, 20.VII.1913) – македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Тој е еден од најзначајните војводи на Македонската револуционерна организација и најголемите легенди од Илинденското востание. Завршил прогимназија. Бил близок соработник и пријател со Гоце Делчев. Во 1900 година Борис Сарафов го испратил во Грција за организирање канал за испраќање оружје и муниција за потребите на ТМОРО. Поставен е за костурски војвода во 1901 година, а како член на Костурското горско начелство учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Во Илинденското востание ја раководел најголемата чета од 2.000 востаници. Учествувал при ослободувањето на Клисура и на Невеска и во борбите кај с. Вишени,  Костурско-леринскиот регион. По Востанието, со чета се борел против андартите и против грчката пропаганда во Костурско. Во Првата балканска војна (1912) со чета дејствувал во заднината на османлиските сили. Во Втората балканска војна дејствувал во заднината на грчката армија и загинал кај месноста „Лакото“ на планината Вичо, Костурско.
Васил Христов Чакаларов е роден во 1874 година во Костурското село Смрдеш. Своето образование го започнал во грчко основно училиште. Но на негово инсистирање, набрзо татко му го префрлил да учи во егзархиско училиште, каде завршил четвртото одделение. Во меѓувреме, работел со својот татко, на повеќе градби во Грција.  Во 1893 година бил осуден и лежел во Корчанскиот затвор.  По успешното бегство во 1894 година, заминал во Бугарија, каде работел како чевлар, каменоделкач и зидар, а за време на  неговиот престој во Шумен, завршил и Вечерна гимназија.
Васил Чакаларов во 1901 година се населил во Софија и се вклучил во активностите на Костурското добротворно друштво, како дел од Македонскиот комитет. Станал претседател на Друштвото и близок пријател со Борис Сарафов. Тој ја помага револуционерната активност на Македонската револуционерна организација и заедно со Лазар Киселинчев ги организирал каналите за купување и пренесување на оружје за Организацијата. Оружјето го набавувал со итрина од Грците, кои не сакале да им го продаваат на Македонците. За да може да ја спроведе набавката, добро познавајќи го албанскиот јазик, тој се претставувал како Албанец.
По избувнувањето на Иванчовата афера, по која турските власти го конфискувале оружјето и уапсиле стотина дејци на Македонската револуционерна организација во Костурско,  на барање на Битолскиот окружен револуционерен комитет, во Костурскиот револуционерен реон бил испратен Васил Чакаларов Тој го ликвидира грчкиот шпион, гркоманот Цеман од село Д'мбени и на Панде Кљашев и Лазар Москов им помага во обновување на револуционерната активност.
Кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година, Костурскиот реон го обиколил Гоце Делчев и со својата чета го одржал „вишиот агитационо-организациски курс“. Откако ја завршиле обуката за месни раководители биле поставени Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Лазар Москов, Лазар Поп Трајков, Кузман Стефов и Михаил Николов. Истовремено Васил Чакаларов бил задолжен да продолжи со набавката на оружје. Тој ќе го спроведе задолжението, а со последната испорака од Грција ќе завршат основните набавки на оружје за Костурско-леринскиот регион.
Во август 1902 годима во селото Ошчима, здружените костурски чети под водство на Чакаларов ќе се судрат со четата на арамијата Коте Христов, кој еднаш веќе бил осуден од Организацискиот одбор на смрт, но помилуван од страна на Гоце Делчев. Во септември истата година, со раководството ќе го спречат предвременото востание кои по налог на ВМОК го подготвувале полковникот Атанас Јанков и Коте Христов.
Во текот на зимата 1902/1903 година Чакаларов ги распоредил луѓето од четите по околните села, а во селото Смрдеш организирал леарница за бомби. Во меѓувреме се справувал со врховистите, а населението го убедувал да ја напушти Патријаршијата и да премине во Егзархиската црква. Тоа му успеало со населението во селата Врбник, В’мбел и Черешница.
По неуспешниот обид на Анастас Јанков за кревање на востание во Загоричани, состојбата во Костурско значително се влошила. Турците превзеле строги мерки да ја разоткријат и уништат Внатрешната организација. Во услови кога подготовките за востание земале се поголем замав, теророт на турските власти се потешко се поднесувал. Во пресрет на престојниот Смилевскиот конгрес, Васил Чакаларов најпрво се сретнал со четата на Сарафов на 20 март 1903 година, а на 28 –ми бил опколен од турскиот аскер во селото Смрдеш. Со подршка на селските чети успеал да се извлече и кон крајот на април пристигнал во Смилево, Битолско.
Од 2 до 7 мај 1903 година, Васил Чакаларов и Пандо Кљашев учествуваат на Смилевскиот конгрес на кој е ставен крај на дилемата дали да се крене востание или не. На 7 мај Васил дознава дека неговото родно село Смрдеш е изгорено од Турците. Како член на Костурското горско начелство, Васил Чакаларов се залага за кревање на востание против османлиите. Заедно со Кљашев апелирале востанието веднаш да започне.

 
По уништувањето на леарницата за бомби во селото Смрдеш, Организацијата претрпела уште еден сериозен удар. Турците откриле и одзеле стотина пушки од Статица, Кономлади и други  села, а теророт се зголемил. Реонското раководство наредило селските чети да излезат, а војводата Чакаларов на 31 мај кај месноста Локвата извршил напад, при што турските сили имале сериозни загуби.
Во средината на јули 1903 година војводите Чакаларов, Кљашев и Иван Попов со четите ги обиколие селата во  Костурскиот реон. По добивањето на одлуката за кревање на востание сите 80 села биле известени, но планот бил откриен. Тоа довело востанието да започне дури вечерта на 2 август 1903 година, а настанала и промена на планот. Наместо напад на Костур, раководството донело одлука да се нападне Клисура.
По првичниот неуспешен напад, востаниците се прегрупирале во две колони. Северната колона ја предводеле Васил Чакаларов, Панде Кљашев и Манол Розов. Освен востаничките чети, под нивна команда биле и селските милиции од с. Загоричани и с. Бобишта. Нападот на Клисура започнал во утринските часови на 4 август 1903 г. По 12 часовна битка, меѓу 2000 турски војници и 700 востаници, во која Турците користеле артилерија и коњица, востаниците со успешни маневри успеале да ја принудат турската војска да се повлече кон Лерин. По ослободувањето на Клисура се организирал слободен живот кој траел до 28 август 1903 година, односно цели 23 дена кога востаниците се повлекле без борба.
На 13 август  1903 година започнало настапувањето на  турската војска кон Костурско. Со бродови 6000 турска војска се префрла преку Костурското езеро во тилот на востаниците. Обидот на Марко Иванов да го запре нивното напредување бил безуспешен, а потоа следел жесток судир со четата Иван Попов кој бил принуден да се повлече во базата на планината Вичо. Турската војска која го следи Попов се судира со четата на Васил Чакаларов кој била во базата.  По повеќе часовна битка Чакаларов и Попов се повлекуваат со востаниците, а во базата оставаат подготвена затруена храна. Повеќе од 250 Турци биле затруени.
На 21 август 1903 година од  три страни во Костурско навлегува 15.000 турска војска, со задача да го расчисти реонот во Костурско. Во оваа акција биле опожарени 23 македонски села, а 600 жители биле убиени. Востаничкото раководство прави разни маневри за да ги натера Турците да престанат со ваквата акција. Востаниците се поделиле во два дела. Една помала која има за цел да ги собере растурените востаници, да му помага на населението и да ја следи турската војска. Втората поголема група на чело со Чакаларов и Кљашев, во близина на селото Апоскен се судрила  и потполно рабила една турска чета од 200 војници, како и засилувањето кое било испратено од турскиот командант. По оваа победа востаничкиот одред на Чакаларов и Кљашев исто така се поделил на две групи, но на 17 август 1903 година повторно се сретнале и во наредните два дена воделе две битки во кои им нанеле тешки загуби на турскиот аскер.

 
На 24 август 1903 година востанички сили од Костурскиот и Леринскиот крај се концентрираат и групираат околу гратчето Невеска, Леринско. Здружените востанички сили, околу 700 востаници) под раководство на Васил Чакаларов и во содејство со војводите Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Никола Андреев, Никола Мокренски – Алај бег го завземаат гратчето Невеска. Иако на 27 август 1903 година, востаниците се повлекле од градот за да го сочуваат мирното население од 15.000 аскер кој се приближувал, сепак битката за Невеска преставува еден од најголемите успеси на востаниците во текот на Илинденското востание. За време на битката за Невеска, со која раководел искусниот и  веќе прославен војвода Васил Чакаларов, било постигнат висок степен на кординација, борбена ефикасност и со минимални загуби биле постигнати големи воени ефекти.
Васил Чакаларов предводи единица од 450 востаници од Смрдеш, Д’мбени, Косино и Апоскин. Водат борба во близина на Апоскин, а потоа во близина на селото Нострам каде разбиваат помала турска единица и ги казнуваат предавниците. Го чистат Костурско од албанските и турските разбојници, а се борат против андартите и грчката пропаганда. Во меѓувреме, за турските ѕверства направени во текот на востанието, Чакаларов ќе иницира составување на Мемоар, кој на 30-ти август бил доставен до странските дипломати во Битола.
Чакаларов и неговите востаници се разочарани од трагичниот крај на вистанието, како и од нецелосно вклучување на реоните во ослободителната борба. Во своето писмо до пријателот Лазар Киселинчев ќе напише дека при повлекувањето пред турската војска преку Мариовскиот крај забележале една друга слика: „ Може со сигурност да се каже дека оттаму Леринско немало никакво востание, таму дури сега се агитирало и покрстувало. Четите таму се движат скришно и апсолутно никаков напад не презеле, ниту имаат намера да сторат нешто. Четите, па и селаните, ги одбегнуваат средбите со костурските чети за да не си навлечат некоја опасност. Исто е и во Прилепско, таму нема никакво востание, ниту еден од Турците нема некаде повреден. Прилепскиот раководител Петар Ацев бил многу лут, затоа што костурчани направиле толку шумно востание и воопшто зошто востанале“.
По неуспехот на востанието четите се распуштаат. Васил Чакаларов со сестрата Зоја, Пандо Кљашев и Лазар Киселинчев, по востанието тајно се префрлаат преку Грција во Бугарија. Во 1904 година се лекувал во Женева, Швајцарија, а потоа со Сарафов учествувал во формирањето на привремен Комитет со цел да го замени Задграничното преставништво. Но по надминувањето на разликите во 1905 г. Комитетот се самораспуштил. Учествувал на Ќустендилскиот конгрес во 1908 г, а по Младотурската револуција заминува во родниот крај каде се поклонува на гробот на загинатите револуционери во Апоскен. Во меѓувреме изградил куќа и живее скромно во Софија. Се оженил и добил ќерка.
По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Чакаларов бил поставен за командант на 4-тата партизанска чета, која е дел од Македонско–одринско ополчение. Чакаларов сметал дека македонските ополченци треба да се борат во Македонија, а не во Тракија. Бил испратен во Костурско-Леринскиот реон каде делува со 5-тата чета на Иван Попов и 6-тата на Христо Сиљанов. Здружените чети ги ослободуваат Невеска, Прекопана, Загоричани, Апоскен, Д’мбени, Габреш и Косинец. Чакаларов водел тешка борба со Турците за да и овозможи повлекување на грчката дивизија по поразот кај Баница. Им овозможува на Грците да го освојат Каилјари, на 8-ми ги разбива и заробува 600 Турци кај Писодер и Желев, а ден потоа уште стотина кај Капешица. На 13-ти ноември Македонците од Костур ги пречекуваат како ослободители здружените чети кои влегуваат во градот.
Во Втора балканска војна Васил Чекаларов и Иван Попов повторно организираат  голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија. Во средината на јуни 1913 година како претходница на 41-от и 42-от пешадиски полк на бугарската армија од Дојран заминуваат во Костурско. На 17 јуни се судриле и ги победиле грчко-српските војски кај Фурка, а потоа кај Стојаково и Богданци. Ја ослободиле Гевгелија, а кај Туши, Мегленско, ги поразуваат грчките војски. Откако Гевгелија повторно потпаднала во рацете на грчката војска, Чакаларов со другите војводи тргнал за Костурско. По предавствата кои се случуваат, најпрво на почетокот на јули Чакаларов паднал во заседа кај Дарма, Воденско. Потоа четата се дели и Чакаларов кој е повреден со своите се повлекува према планината Вичо. Во борба со грчките војници на 20 јули 1913 година во месноста „Лакото“ (близина на Бел камен) на планината Вичо, Чакаларов бил убиен, а неговата глава отсечена.
Отсечената глава на Васил Чакаларов била однесена во Лерин и преставена на народот со повикот: „Нема Чакаларов, нема Македонија.“ Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Улинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата „Св. Пантелјмон“ кој ја погребал на гробишта.Васил Чакаларов (с.Смредеш, Костурско, 1874 – Костурско, 20.VII.1913) – македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското воста

Пронајдете не на следниве мрежи: