Тоа е Водолијата…Карактер: Инвентивен, сака да е прв во се, сака да управува, да го почитуваат, ги цени вистинските пријателства, но вообичаено сам ги прекинува во афект доколу не е сигурен дека пријателите му се лојални. Одличен полемичар, има остар јазик, саркастичен, малкумина може да го надмнинат во тоа. Кога некого сака, тогаш е верен и внимателен. Се грижи за своето семејство и сака со сите роднини да е во добри односи. Не сака да ги открива своите мисли и чувства, може да западнете во мрежата на некој негов нов експримент или едно ново искуство, води контроверзен живот, но може да биде верен и посветен но тоа не мора долго да трае. Интелектуален тип кој секогаш сака да знае што партнерката сака. Може да биде многу нежен и бара подршка од жената. Како домаќин е најлош, воопшто домот не го интересира, но тоа не е поврзано со парите затоа што често троши мало богатство за да го уреди домот. Еден од оние луѓе кој буди контрадикторни чувства кај луѓето или веднаш ќе ви влезе под кожа или нема да можете да го поднесете. Уран владее со него и придонесува за неговата дрскост, смелост, шармантност и независност.
Карактер: толерантна, демократ, слободоумна, чувствува голема одговорност за другите. Често е на висока позиција на работното место и одговорна е за многу луѓе. Жената Водолија лесно комуницира со другите луѓе. Прогресивна е, без предрасуди и секогаш стои на услуга за сите. Свртена е кон иднината, смела, интелектуалка, и има кративна волја, непристрасна и склона кон ризици. Сака да биде приметена, учествува во големи социјални процеси, се сака да коментира, има потреба да го изнесе својот став и се обидува да биде неутрална. Не сака да е на раководечка положба на работното место но често има многу одговорно работно место. Во љубовта покажува голема оргиналност, подготвена е на авантури. Секогаш е во потрага по својот идеал, лесно се вљубува, умее максимално даму се предаде на партнерот но тоа никогаш не трае долго. Најмногу ја плашат обврски, контролирање и моќта која некој може да ја има над неа. Секогаш мора да биде своја, не сака на никого да му поднесува сметка. На партнерот секогаш му е потпора и секогаш умее да го посоветува, не е осветољубива и знае да прости. Склона е кон неочекувани вљубувања на прв поглед, сака романтични моменти и настани. Никогаш не ги отвора картите до крај, не со намера туку едноставно се повлекува секогаш кога чувствува дека не владее со ситуацијата.Карактер: Инвентивен, сака да е прв во се, сака да управува, да го почитуваат, ги цени вистинските пријателства,
Пронајдете не на следниве мрежи: