Кој е ставот на „X Фактор“ за коментарите на Жељко Јоксимовиќ кон Фифи?

Настапот на Фифи во „X фактор“ и коментарот на Жељко Јоксимовиќ како дел од четиричленото жири на шоуто, предизвикаа бура на реакции. Најмногу на тапет се најде српскиот музичар, кого го ЛГБТ заедницата го нападна преку медиумите, а без коментар не останаа ни оние кои до вчера плукаа по изгледот и сѐ поврзано со македонскиот трансексуалец, а откако се најдоа навредени од односот на Жељко, „патриотски“ застанаа во одбрана на Фифи.
Продукцијата на балканското шоу „Икс фактор“ испрати соопштение до медиумите во кое се наведува дека самата продукција целосно застанува зад Жељко Јоксимовиќ и дека тие не смеаат дека пејачот кој е дел од жири комисијата употребил говор на омраза.

„Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ ги исполија сите критериуми за избор на судии на шоуто „Х Фактор“. Во програмата „Х Фактор“ се вреднува талентот за пеење, но и харизмата, целокупниот изглед и сценскиот настап на кандидатите.
Натпреварувачот Филип Јаневски Фифи, на аудиција помина во вториот круг благодарение на својот глас и сценски настап. Жирито на „ Х Фактор“: Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ имаат право на сопствено мислење за пријавени кандидати.
Продукцијата „Х Фактор“ смета дека ниту еден од членовите на жири комисијата не употреби говор на омраза на настапот на пријавениот Филип Јаневски, а за понатамошниот пласман на натпреварувачите одлучува самата публика“, стои во соопштението.Најмногу на тапет се најде српскиот музичар, кого го ЛГБТ заедницата го нападна преку медиумите, а без коментар не останаа ни оние кои до вчера плу

Пронајдете не на следниве мрежи: