Кој е вториот француски џелат во редовите на ИД?

Микаел Дос Сантос е вториот французски државјанин кој се наоѓа на видеоснимката објавена во неделата од џихадистите на Исламската држава (ИД) во Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.Микаел Дос Сантос со новото име Абу Отјман е на возраст од 22 години со потекло од парискиот регион, од местото Шампињи сур Марн. Тој се наоѓа во Сирија од 2013 година, во моментот кога во неговиот департман беше разбиена една група џихадисти.
Тој прво ги изненадил своите блиски со преминувањето во исламска вероисповед и пред сѐ по радикалзиацијата. Тој е многу активен на социјалните мрежи, каде што веќе му се уништени четири профили на „Твитер“, поради нивните содржини. Сите негови текстови се на француски јазик со повици за вооружена борба и на нив објавува фотографии со ужасни содржини, односно злосторства на ИД.
Претходно, француските служби го идентифукуваа Максим Хошар или Абу Абдалах Аал Фаранси, кој, исто така, е на возраст од 22 години, со потекло од Нормандија. Тој преминал во исламска вероисповед на 17 години, кога го променил своето вистинско име. Ал Фаранс, што на арапски значи „Французин“, во Сирија заминал во август 2013 година по престојот во Мавританија во 2012 година.
Со овие две идентификувани лица се урива теоријата на француската екстремна десница, која тврди дека во џихад заминуваат лица кои потекнуваат од имиграцијата и кои се родени како муслимани.Микаел Дос Сантос со новото име Абу Отјман е на возраст од 22 години со потекло од парискиот регион, од местото Шампињи сур Марн. Тој се наоѓа во С

Пронајдете не на следниве мрежи: