Пума Пунку (во превод Вратата на пумата) е монументален комплекс кој се наоѓа 72 километри западно од Ла Паз во Боливија, на територија на 3660 метри надморска височина на една висорамнина на Андите.Пума Пунку претставува остварување кое изгледа недостижно за локалното население – Индијанците Ајмара во тоа време. Грандиозни по изглед, урнатините на Пума Пунку во Тиахуанако – Боливија, се познати како најстарите камени структури на планетата Земја. Она што ги поврзува Пума Пунку со вонземјаните е мистеријата за тоа како всушност биле изградени.
Камените урнатини на Пума Пунку се едни од четирите локации во античкиот град Тиахуанако, меѓу кои се наоѓа пирамидата Акапана, платформата Каласасаја и Подземниот храм.
Спротивставувајќи и се на логиката, камените структури ги збунуваат археолозите, бидејќи е необјасниво како биле создадени одделни камења со оглед на тогашните техники за сечење. Урнатините во Пума Пунку се направени од гранит и диорит. Исклучително интересно е дека единствениот минерал кој е потврд од овие два е дијамантот. Ако луѓето кои го граделе ова место сами ги направиле камењата, тогаш тие требало да користат дијамантски алатки.
Друг интересен факт за камените структури е нивната тежина. Се спомнува дека тежината на еден камен надминува 800 тони, а најблискиот каменолом е на оддалеченост од 16 километри. Дури и со денешните модерни технологии и опрема се смета дека преместувањето на оваа камења би било тешко, ако не и невозможно.
Според поддржувачите на теориите за древните вонземјани, за да се изградат овие сложени и совршени камени структури, луѓето од тоа време би требало да бидат многу напредни во познавањето на математиката и астрономијата. За да биде направено место како Пума Пунку, треба да се направи темелно планирање и пишани документи, но ништо слично не е пронајдено на местото и до ден денес (исто како и кај изградбата на Големите пирамиди во Египет).
Постои уште една навистина интересна информација за камењата во Пума Пунку. Тие не само се отсечени, туку прецизно се исечени. Резовите се идеално прави. Дупките кои се продупчени во камењата се совршени и со еднаква длабочина. Тоа дава основа на уште прашања како воопшто е можно тоа да биде направено од страна на античките луѓе. За разлика од обичните антички локалитети, тука не бил користен малтер. Има само големи и прецизно исечени камења, кои собрани заедно би составиле структура висока четири ката.
Со сета оваа сложеност доаѓа и прашањето: кој ги има направено овие урнатини, штом сведоштвата доведуваат до заклучок дека древните луѓе немале средства да ги создадат и изградат? – Нешто на што теоретичарите кои се занимаваат со истражување на древните вонземјани обрнале внимание, е религијата на луѓето кои живееле во Тиахуанако. Таа се заснова на култ кон небото и невремето, богот Виракоча. Божеството е насликано со жезла во двете раце и ореол од светлина околу главата. Ореолот подразбира упатување дека станува збор за сончев бог, претставен на барелјеф во горниот дел од Сончевата врата во Тиахуанако:
Како и за други митолошки богови, научниците често се расправаат дека овие божества всушност биле вонземјани кои се залагаат за древните човечки цивилизации, покажувајќи им како да изградат слични структури или можеби дури имале директна улога во нивното создавање.
Според легендата, светот бил создаден од невремето предизвикано од Виракоча, блиску до езерото Титикака. По големиот потоп и повлекувањето на водите, Виракоча слегол на Земјата и им вдахнал живот на растенијата, животните и луѓето; тој го изградил градот Тиахуанако и одредил четири светски владетели, од кои еден бил Манкала Капак – владетел на светот на Големата мечка или т.н. Северен хоризонт.
Широко критикувана, теоријата за вонземјанско потекло на Пума Пунку е една од многуте спорни теории кои се поврзуваат со камените формации. Ако камењата се датирани правилно, тогаш почетокот на Тиахуанако би требало да биде поставен пред 12.000 – 14.000 години. Тоа и претходи на месопотамската цивилизација на Сумер, која датира од пред околу 4 000 – 6 000 години.
Што, или кој ги изградил овие величествени камења, останува мистерија и може само да се претпоставува. Изгледа дека Пума Пунку има силна вонземјанска врска, а како поддршка се тврдењата дека некогаш во минатото вонземјаните имале блиски интеракции со луѓето на Земјата.Пума Пунку претставува остварување кое изгледа недостижно за локалното население – Индијанците Ајмара во тоа време. Грандиозни по изглед, урнатинит