Научниците потврдиле дека нараквицата што била пронајдена во Сибир, е стара дури 40.000 години. Според тој податок, се доаѓа до заклучок дека тоа е најстариот накит откриен досега, а археолозите се изненадени од нејзината софистицираност.Нараквицата е откриена на наоѓалиштето Денисова пештера во Сибир, недалеку од руската граница со Кина и Монголија. Таа била пронајдена покрај коските на изумрени мамути и други артефакти кои се стари 125.000 години.
Пештерата го доби името според Денисованците – мистериозен вид хоминиди од родот Хомо, кои генетски се поразлични од Хомо сапиенсите и Неандрталците.
Познато е дека Денисованците емигрирале од Африка, некаде во времето кога се појавил првиот Хомо еректус, долго пред да се појави Хомо сапиенсот.
Денисованците биле единствени по многу работи. Скорешно откритие на коски од прстот на една Денисованка, како и од различни заби, укажува на тоа дека тие немале морфолошки сличности ниту со Неандрталците, ниту пак со модерните луѓе.
Интересно е тоа што ДНК примероците покажуваат дека Денисованците во одреден период се вкрстувале со досега непознат и сѐ уште неоткриен вид на човечки суштества.
Скелетните остатоци покажуваат дека Денисованците биле покрупни и помоќни од модерните луѓе, а досега се сметало дека се попримитивни од нас.
Сепак, отркивањето на нараквицата укажува дека за нејзината изработка биле потребни вештини и напредни техники.
Научниците досега верувале дека овие вештини ги поседувале само луѓето во неолитскиот период, кој почнал отприлика 10.000 год. п.н.е. Ним, на почетокот им паднало на памет дека нараквицата можеби се измешала со материјалот од тој период. Но, експериментите ја исклучиле таа можност и потврдиле дека нараквицата не можеле да ја направат ниту Хомо сапиенсите, ниту пак Неандрталците. По седумгодишна анализа, научниците се уверени дека нараквицата е направена 30.000 години пред почетокот на каменото доба.
Д-р Анатолиј Деревјанко, шеф на Музејот за историја и култура на сибирскиот народ, рекол:
„Вештините на нејзиниот создавач се совршени. Првобитно мислевме дека ја изработиле Неандрталците или модерните луѓе, но се испостави дека ја направиле Денисованците“.
Самата нараквица е направена од камен што се вика хлорит, а кој можел да биде донесен само од оддалеченост на 200 км од наоѓалиштето.
Нараквицата била многу елегантна и веројатно ја носела некоја важна личност, како на пример, некоја денисованска принцеза.
„Накитот имал магично значење за древните луѓе. Нараквиците и ѓерданите ги штителе луѓето од зли духови“, рече Михаил Пунков, заменик директор во Институтот за археологија и етнографија во Новосибирск.
Инаку, нараквицата на дневна светлина ги рефлектира сончевите зраци, а навечер има прекрасна нијанса на зелена боја.
Се наведува дека археолозите пронашле и мермерен прстен, но сѐ уште ништо не е објавено во јавноста.Нараквицата е откриена на наоѓалиштето Денисова пештера во Сибир, недалеку од руската граница со Кина и Монголија. Таа била пронајдена покрај коски