КОЈ ОБЛИК НАЈМНОГУ ВЕ ПРИВЛЕКУВА? – Еве што открива за вашата потсвест!

Одберете од облик кој најмногу ве привлекува и дознајте што зборува тоа за вашата потсвест и вашата личност. Обидете се да изберете еден облик кој најмногу ви одговара визуелно, но сосема е во ред и ако изберете неколку од нив.Овој мини тест ќе открие нешто повеќе за вас и вашата потсвест, или ако ништо друго, барем малку ќе ве забавува.
1. Вие сте безгрижни, разиграни и весели
Сакате слободен и спонтан живот. Се обидувате да живеете до максимум, во склад со мотото: „Само еднаш се живее.“ Многу сте љубопитни и отворени кон нови работи; сакате промени. Нема ништо полошо за вас од чувството да сте заробени. Својата околина ја доживувате сестрано и сакате изненадувања. Понекогаш на луѓето не им е лесно со вас да излезат на крај, бидејќи оставате впечаток дека не можат да се потпрат на вас, но од друга страна, вие сте интересни и со вас никогаш не е досадно.
2. Вие сте независни, неконвенционални и ништо не може да ве сопре
Вие барате слободен живот, кој ќе ви овозможи сами да си го изградите својот пат. Имате уметнички склоности кои се обидувате да ги искажете на работен план или во слободно време. Вашиот нагон за слобода понекогаш предизвикува да направите нешто што е спротивно од очекуваното. Вашиот стил на живот е индивидуален. Никогаш не го следите тоа што е „ин“; туку напротив, настојувате да живеете според сопствените идеи и убедувања, дури и ако тоа значи да одите против другите.

3. Вие сте интроспективни, чувствителни и рефлективни
Почесто обрнувате внимание на себе и својата околина, отколку на луѓето. Не сакате површност; радо ќе бидете сами, отколку да морате да водите некаков плиток разговор. Во сѐ барате подлабок смисол. Вашиот однос со пријателите е цврст, што ви дава внатрешен мир и хармонија. Не ви пречи да бидете сами подолго време и ретко ви е досадно.
4. Ви сте приземни, урамнотежени и ускладени
Го цените природниот стил и ги сакате едноставните работи. Луѓето ви се восхитуваат, бидејќи со двете нозе стоите цврсто на земјата и можат да се потпрат на вас. На блиските им пружате чувство на сигурност и простор. Луѓето ве доживуваат како топла личност со големо разбирање за нивните проблеми. Го отфрлувате сето она што ви делува нападно и банално. Скептични сте кон модните трендови и сите животни полиња, а облеката мора да биде практична и ненаметливо елегантна.
5. Вие сте стручни, прагматични и самоуверени
Преземате одговорност за својот живот и вложувате помалку вера во среќата, а повеќе во практичното дејствување. Проблемите ги решавате едноставно и практично. Имате реален поглед на светот. Одговорни сте на работа и луѓето знаат дека можат да се потпрат на вас. Силата на вашата волја проектира самодоверба која ги инспирира луѓето. Никогаш во потполност не сте задоволни, сѐ додека не ги остварите своите идеи.

6. Вие сте мирни, дискретни и неагресивни
Со вас е лесно и многу сте дискретни. Без напор стекнувате нови пријателства, но во исто време уживате во својата приватност и независност. Сакате да се тргнете од сѐ и да бидете сами од време на време за да размислувате за смислата на животот и да уживате во тишината. Потребен ви е простор и сакате понекогаш да избегате во природа, но во суштина не сте самотник. Го цените животот и сето она што светот има да го понуди.
7. Вие сте аналитични, стабилни и самоуверени
Имате истенчен вкус за сето она што е квалитетно и трајно. Како резултат на сето тоа, сакате да се украсите со некакви „скапоцености“ кои ги откривате на местата кои другите не ги виделе. Затоа, културата има посебна улога во вашиот живот. Вие имате свој сопствен стил кој е елегантен и ексклузивен, лишен од модните правила. Идеалот на кој се темели вашиот живот е културното задоволство. Од луѓето во вашата близина очекувате одредено ниво на култура.
8. Вие сте романтични, сонливи и емотивни
Вие сте чувствителна личност. Не сакате да гледате на работите само од трезвен и рационален агол, туку подеднакво ви се важни и вашите чувства. Всушност, вие чувствувате дека во животот е подеднакво важно да се сонува. Ги одбивате луѓето кои го презираат романтизмот и кои се водени само од рационалност и разум. Не допуштате ништо да ја ограничува вашата богата палета на расположение и емоции.
9. Вие сте динамични, активни и екстровертни
Подготвени сте да прифатите одредени ризици и силно им се посветувате на целите кои ви нудат интересна и разновидна работа. За разлика од тоа, рутината има парализирачки ефект на вас. Најмногу од сѐ сакате да имате активна улога во случувањата околу вас. На тој начин, вашата иницијатива доаѓа до израз.Овој мини тест ќе открие нешто повеќе за вас и вашата потсвест, или ако ништо друго, барем малку ќе ве забавува.
1. Вие сте безгриж

Пронајдете не на следниве мрежи: