Кој праќа смајлиња, тој има повеќе секс?

Луѓето кои при праќањето пораки користат емотикони, имаат повеќе секс од оние кои не ги користат, покажа едно најново истражување.Истражувањето кое беше спроведено на над 5.600 сингл лица од различни возрасти, различна етничка припадност и начин на живот, откри дека лицата кои користат емотикони во комуницирањето преку пораки, имаат секс најмалку еднаш месечно, за разлика од оние што не ги користат.
Во просек, смајлито кое намигнува е најупотребувано. Меѓутоа, мажите се тие кои своите пораки ги „зачинуваат“ со смајли кое праќа бакнеж или има срце на очите, додека жените најрадо ги користат обичните.
Според зборовите на д-р Хелен Фишер, емотиконите се популарни само затоа што ја подобруваат комуникацијата, бидејќи со нивна помош се нагласуваат емоциите.
„Технологијата го менува начинот на кој комуницираме, а исто така, може да се смени и на начинот на кој ја доживуваме романсата“, рече таа.
Околу 50 отсто од мажите и жените, се сложуваат дека емотиконите претставуваат одраз на нечија личност, а 35 отсто сметаат дека преку нив полесно се искажуваат емоциите. Хелен нагласила и дека жените кои користат смајлиња поврзани со бакнежи, полесно доживуваат оргазам.
Врската помеѓу емотиконите и сексот се покажа како корисна за мажите и жените во 20-тите, 30-тите и 40-тите години, а честата употреба на истите покажува дека тие водат активен сексуален живот. Истражувањето кое беше спроведено на над 5.600 сингл лица од различни возрасти, различна етничка припадност и начин на живот, откри дека лицата кои

Пронајдете не на следниве мрежи: