„Кој сака да бои?“ – во септември во антолог „Антолог“

6 септември 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува својата нова акција „Кој сака да бои?“, која ја организира по повод објавувањето на „Кој сака да биде космонаут?“, најновата книга за деца во издание на „Антолог“, која истовремено е и боенка со прекрасни илустрации за боење. Затоа, во текот на септември, „Антолог“ му подарува сет боички на секој што ќе ја купи оваа боенка или веќе познатата боенка „Приказна за бојата“.Боенката за деца „Кој сака да биде космонаут?“ е јубилејна 120. книга на писателот Александар Кујунџиски, публикувана во 70-тата година од неговиот живот, и е посветена на децата од предучилишна и од рана училишна возраст. Станува збор за мини-роман збогатен со прекрасни недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината. Книгата пленува со својата необична и ретковидена концепција, со духовитоста и со инвентивноста на сториите.
 Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.
 Во понудата е вклучена и боенката „Приказна за бојата“ од уметницата Ана Андроска, која неодамна излезе во издание на „Антолог“ и веќе е многу популарна како меѓу помладите така и меѓу повозрасните вљубеници во боењето. Оваа боенка содржи 50 уникатни илустрации, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.
 Боењето како начин на антистрес-терапија е сè попопуларно во светот и го практикуваат сè поголем број луѓе. Истражувањата покажале дека боењето по шаблон претставува еден вид лична психотерапија за отстранување на секојдневниот стрес, а психолозите го препорачуваат за одморање на мозокот од секојдневните грижи. 
 Акцијата важи само во просториите на Книжевен центар „Антолог“, улица „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1. Количините се ограничени.
 
 
 
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!Боенката за деца „Кој сака да биде космонаут?“ е јубилејна 120. книга на писателот Александар Кујунџиски, публикувана во

Пронајдете не на следниве мрежи: