Поучна приказна за разликата меѓу љубовта и бракотЕден ден, Платон го запрашал својот учител: „Што е тоа љубов? Како можам да ја пронајдам?“
Учителот му одговорил: „Пред тебе е едно огромно поле пченица. Тргни напред без да се вртиш назад и собери само едно стебло. Ако го пронајдеш најубавото, тогаш си ја пронашол љубовта.“
Платон тргнал напред и брзо се вратил со празни раце.
Учителот го прашал: „Зошто не скина ниту едно стебленце?“
Платон на тоа му одговорил: „Затоа што можев да одберам само едно, но не можев да се вратам назад. Го пронајдов најубавото стебленце, но не знаев дали има уште подобри пред мене, па затоа не го искинав. Како што одев понапред, увидов дека стебленцата кои ги видов не беа толку добри како претходното, и така на крајот не одбрав ниту едно.“
На тоа учителот му рекол: „Е, тоа е љубов.“
Следниот ден Платон го запрашал учителот: „Што е тоа брак? Како можам да го пронајдам?“
Учителот му одговорил на ова вака: „Пред тебе имаш бујна шума. Тргни напред без да се враќаш наназад по истиот пат и собери само едно дрво. Ако го најдеш највисокото, си го пронашол бракот.“
Платон тргнал низ шумата и после кратко време се вратил со едно дрво. Тоа не било бујно, ниту пак високо. Било само обично дрво.
Учителот го прашал: „Зошто си земал такво обично дрво?“
Платон одговорил: „Заради моето претходно искуство. Изодев до половина од шумата. Овој пат видов едно дрво и почувствував дека не е толку лошо, па го исеков и го донесов овде. Не сакав да ја пропуштам приликата.“
Учителот тогаш му рекол: „Е, ова е бракот.“
Еден ден, Платон го запрашал својот учител: „Што е тоа љубов? Како можам да ја пронајдам?“
Учителот му одговорил: „Пред т