Запознајте ја Кончита Вурст, овогодинешната австриска претставнича на Евровизија во Копенхаген. Оваа трансродна пејачка беше одбрана од австриската национална телевизија да ги брани австриските бои на сцената во Копенхаген во Мај оваа година.Кончита е родена како Томас Њурвит во Гмунден, Австрија на 6-ти Ноември 1988 година. Завршила школа за мода во Грац, Австрија во 2011 година. Кончита веќе еднаш се обиде да ја претставува својата земја на Евросонг пред две години, кога заврши на втората позиција зад хип-хоп дуото Тракшитаз.
На 10ти септември 2013 година Австриската национална телевизија објави дека Кончита е одбрана по пат на интерна селекција да ја претставува Австрија на 59тото издание на Евросонг, кое ќе се одржи во почетокот на Мај во Копенхаген, Данска. Овој избор на телевизиската куќа предизвика лавина негативни реакции во Австрија и Европа. ТВ компанијата одговорна за Евросонг во Белорусија се закани со цензура на насатапот на Кончита во втората полуфинална вечер на 8ми Мај. Композицијата со која Кончита ќе се бори за влез во финалето е насловена како „Rise Like A Phoenix“ и е напишана од Чарли Мејсон, Џои Патулка, Али Зуковски и Хулијан Маас. Останува да видиме дали Европјаните ќе и прогледаат низ прсти на брадата, или пак ќе ја „избричат“ Кончита и нема да ја пропуштат во големото финале на 10ти Мај.
Кончита е родена како Томас Њурвит во Гмунден, Австрија на 6-ти Ноември 1988 година. Завршила школа за мода во Грац, Австрија во 2011 година. Кончи