Која храна е штетна за вашиот вид?

Љубителите на бели пецива, ориз и тестенини имаат уште еден сериозен повод да размислат за својата исхрана.Група експерти од САД дошле до заклучок дека желбата за продуктите кои изобилуваат со јаглехидрати се штетни не само за телесната тежина туку и за органите за видот.
Лекарите од Истражувачката лабораторија за храна и Центарот за човековата исхрана и стареењето се едногласни дека во денешно време секој втор човек има офтомолошки проблеми, а тоа делумно е условено од честата и прекумерна храна богата со јаглехидрати кои најмногу ги има во макароните, оризот и кифлите.
Целна група на истражувањето биле 4 илјади мажи и жени на возраст од 55 до 80 години. Процесите кои го влошуваат видот биле забележани кај оние лица кои употребуваат продукти со висок гликонски индекс. Сето тоа може да биде причина за дегенерација на макулата – централниот дел на мрежницата.
Токму тој дел обезбедува острина на видот и возможност за распознавање на лица и детали, букви, нијанси на бои и контрасти.

 
Дегенерацијата на макулата предизвикува појава на темна дамка во центарот на мрежницата која со текот на времето се зголемува и затемнува како последица на што се гледаат нереални контури. Сето ова влијае и на психолошката состојба и работоспособноста кај повозрасните лица.
Најновите експертски теории велат дека освен боровинките, за подобрување на видот, важни се и витамините А, Е и Ц, како и цинкот и селенот.
За одржување на очите во добра состојба неопходен е и хесперетин елемент кој ги штити од УВ зраците. Најмногу го има во праските, цитрусните овошја, како и во црвените пиперки.
Важно е да не заборавате и на ликопенот кој е силен природен антиоксиданс, а го има во сите овошја и зеленчуци со црвена боја.Група експерти од САД дошле до заклучок дека желбата за продуктите кои изобилуваат со јаглехидрати се штетни не само за телесната

Пронајдете не на следниве мрежи: