КОКОЛИНИ: Брзи непечени куглици кои се топат во устата

Вкусен десерт за кој не ви е потребно многу време и труд за правење, а ќе се воодушевите од неговиот вкус. Овој десерт е совршен за празниците и семејните собири.Состојки:           
250 мл слатка павлака
100 грама бело чоколадо
1 ванилин шеќер
1 пудинг од ванила
100 грама кокос
Шеќер во прав (по желба)
Бадеми (по желба)
Подготовка:
Одвоете 50 мл од слатката павлака и додадете го прашокот за пудинг. Останатите 200 мл од слатката павлката ставете ги да се готват.
Кога слатката павлака ќе почне да врие, намалете ја температурата и тргнете го лонецот од ринглата. Во садот додајте ги одвоените 50 мл слатка павлака измешана со прашок за пудинг, ставете го на топлата рингла и мешајте сѐ додека смесата не се згусне.
Тргнете го лонецот од ринглата и во жешката смеса додајте ванилин шеќер и искршени парчиња од белото чоколадо. Мешајте сѐ додека чоколадото не се истопи.
Потоа додадете кокос и измешајте ја убаво смесата.
Пробајте го кремот и по желба додадете малку шеќер во прав.
Кремот ставете го во фрижидер околу 15 минути, потоа обликувајте мали куглици и ставете ги во кокосот. По желба можете во секоја куглица да ставите бадем.
Вака направените куглици можат да стојат на собна температура цел ден, а преку ноќ е пожелно да ги ставите во фрижидер.
Пријатен апетит!Состојки:           
250 мл слатка павлака
100 грама бело ч

Пронајдете не на следниве мрежи: