Колач кој се прави ЗА 10 МИНУТИ: Толку добар што не ќе можете да се насладите…

Најубавите работи во животот често се наједноставни. Таков е случајот и со благите јадења, а ова е едно од таквите и нема да можете да се заситите.Овој превкусен десерт во рецептот не содржи овошје, како обично сме навикнати кај чизкејкот, но токму поради тоа е многу едноставен за правење.
Состојки:
– подлога од лиснато тесто
– 500 гр крем сир
– 1 јајце
– 1 шолја шеќер
– 1 кесичка ванила
– 2 лажички цимет
Начин на подготовка
Рерната загрејте ја на 180 С. За тоа време во чинија изматете го крем сирот со миксер додека смесата не стане кремаста. Додадете половина шолја шеќер, јајце и ванила и продолжете уште малку да матите.
Развлечете го лиснатото  тесто да биде тенко и поделете го на 2 еднакви дела со колемина колку што ви е тепсијата во која ќе го печете колачот.
Во помал сад помешајте го преостанатиот шеќер со циметот и потоа половина од таа смеса посипете ја на дното на тепсијата. Преку неа ставете една кора од тестото, на неа нанесете ја смесата од крем сир, покријте со другата кора и посипете со другата половина од мешавината шеќер и цимет.
Ставете во рерна, печете половина час, потоа оставете сосема да се излади, па исечете на коцки и УЖИВАЈТЕ!
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Овој превкусен десерт во рецептот не содржи овошје, како обично сме навикнати кај чизкејкот, но токму поради тоа е многу едноставен за правење.

Пронајдете не на следниве мрежи: