Колач од тиква: Рецепт за есенски десерт кој одлично оди со шолја кафе или чај

Есенски колач од тиква. Одлично оди со шолја кафе или топол чај.Состојки:
4 чаши рендана тиква
2 чаши шеќер
1 чаша масло
100 гр суво грозје
2 чаши брашно
2 кесички цимет
1 лажичка сода бикарбона
1,5 – 2 чаши презла или гриз
1 кесичка ванилин шеќер
Упатство за подготовка:
Соединете ги сите состојки, замесете со раце за тиквата да пушти вода, гризот или презлата (или двете по малку) додавајте ги по потреба – зависи од самата тиква колку е водена.
Ставете ванилин шеќер врз колачот пред печење.
Се пече во огноотпорен сад кој претходно се премачкува со масло и се посипува со гриз, на 200 С околу 1 час. Наместо суво грозје може да сецкате ореви или сушена брусница.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
4 чаши рендана тиква
2 чаши шеќер
1 чаша масло
100 гр суво грозје
2 чаши брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: