Колачиња за љубителите на кафе

Доколку уживате во вкусот на кафе, тогаш капучино колачињата сигурно ќе ви се допаднат!Потребни состојки:
400 грама брашно, 200 грама маргарин, 25 грама какао, 2 лажички капучино во прав, 50 милилитри млеко, 100 грама кафеав шеќер, 50 грама бел шеќер, 100 шеќер во прав.
Подготовка:
Тесто
Во подлабок сад ставете го брашното, белиот и кафеавиот  шеќер, какаото и капучиното во прав. Додајте го маргаринот, исецкан на тенки парчиња и млекото, а потоа добро промешајте.
Кога тестото ќе се соедини, тестото замотајте го во алуминиумска фолија и оставете да стои во ладилник околу половина час.
Тавчето обложете го со хартија за печење, а рерната загрејте ја на 180 степени.
Од тестото направете топчиња, и на секое топче, на врвот, со прст направете мала длабнатинка, во која по печењето ќе ставите прелив. Печете ги колачите околу 10 минути.
Прелив
Во помал сад ставете шеќер во прав, лажичка капучино во прав, лажичка и половина млеко и добро помешајте.
Кога колачињата ќе се оладат, во длабнатините, сипете го преливот.Потребни состојки:
400 грама брашно, 200 грама маргарин, 25 грама какао, 2 лажички капучино во прав, 50 милилитри млеко, 100 грама кафеав ш

Пронајдете не на следниве мрежи: