Колега ги убил работниците во швајцарската фабрика, мотивите непознати

Двајца работници во фабриката во швајцарскиот град Мензно се убиени во средата од колега кој и самиот бил пронајден мртов, меѓутоа полицијата сé уште не утврдила како тој загинал, пренесува Reuters повикувајќи се на последните информации од локалната полиција.Кога полицијата дошла во фабриката во Мензно западно од градот Луцерн, убиецот веќе бил мртов. Петтемина ранети се во критична состојба.Напаѓачот отворил оган во кантината на дрвата индустрија „Kronospan“ во место Мензано и убил три лица а седуммина ранил, од кои некои тешко, соопшти полицијата.Локалниот полициски началник, Даиел Бусман на прес-конференција изјавил дека 42-годишнито убиец работел во фабриката десет години, но додал дека мотивите за неговото злосторство не се јасни.Директорот на фабриката, Мауро Капоцо ги демантираше шпекулациите дека во средата требало да биде објавено кој од вработените ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Додал дека убиецот бил мирна, незабележлива личност.Фабрика „Kronospan“ има 410 вработени и е важен работодавец во гратчето Мензно. „Kronospan“ кој раководи со фабриката за преработка на дрво е дел од семејната фирма „Swiss Krono group“, што се занимава со производство на завршни делови од дрво.
МакфаксДвајца работници во фабриката во швајцарскиот град Мензно се убиени во средата од колега кој и самиот бил пронајден мр

Пронајдете не на следниве мрежи: