КОЛКАВА Е ТЕМПЕРАТУРАТА ВО ПЕКОЛОТ: Што вели Библијата, а што науката?

Дали светот на проклетите е врел или замрзнат? Ако веќе со векови толку добро се познаваат најситните детали на вечното мачилиште, дали е можно со некаква пресметка да се определи и температурата на која се „варат“ грешниците? Колку и да изгледаат бесмислено, овие прашања се всушност само задачи од физиката кои се формулирани на необичен начин.
„А на страшливците, неверните и нечистите, убијците, блудниците и идолопоклониците, сите лажговци, нивното место е во езерото кое блуе оган и сулфур – што е долга смрт“, се вели во Откровението на Јован од што можат да се заклучат многу работи. Но, за физичко набљудување е најважен заклучокот дека сулфурот во Пеколот се наоѓа во течна состојба.
Сулфурот е неметал кој преминува во течна состојба кога се загрева над 110-120 Целзиусови степени. Неговата точка на вриење се наоѓа на 444,6 степени со што на повисоки температури се претвора во гас. Така, со оглед на тоа што сулфурот во Пеколот е во течна состојба, се доаѓа до заклучокот дека температурата не може да биде пониска од 120 Целзиусови степени, но ни повисока од 445 степени, бидејќи во тој случај не би постоело сулфурно место за „капење“ на грешниците.
Што мислите, каде е потопло? Во Рајот или во Пеколот? Температурата на Сончевата кора е 6.000 Целзиусови степени, што испаѓа дека Пеколот дури и со сите 445 степени баш и не е толку врел.
Една необична пресметка успева да покаже дека Пеколот е поладен од Рајот. Како се утврдува температурата на Рајот? Во Книгата на пророкот Исаија, се вели дека за блажените во Рајот „светлината на Месечината ќе биде иста како Сончевата, а светлината на Сонцето ќе биде седум пати поголема, како светлината од седум дена…“. Така, еден американски научник дојде до заклучок дека Рајот апсорбира исто количество топлина од Месечината како и Земјата од Сонцето, додека од Сонцето му стигнува 49 пати повеќе енергија отколку што Земјата прима од Сонцето. Со помош на овој податок, може да се определи температурата во Рајот.

Зрачењето кое паѓа на Рајот, ќе го загрева до онаа температура на која ќе дојде до термодинамичка рамнотежа помеѓу примената и емитираната светлина. Тоа значи дека Рајот не добива, туку и губи 50 пати повеќе топлина од Земјата. Од овде, според Штефан-Болцмановиот закон, се добива дека (Tr/Tz)4=50, каде што Tr е температурата на Рајот, Tz на Земјата. Со замената на средната вредност на температурата на Земјата, што е околу 27 Целзиусови степени, со едноставна пресметка се добива дека температурата на Рајот изнесува 525 Целзиусови степени.
Но, тоа и не е баш така. Дали навистина Пеколот е поладен од Рајот?
Пеколот се нарекува Гехена според долината на Хиномоновиот син, во близина на Ерусалим, мачилиште каде според Втората книга за царевите биле принесувани жртви во чест на богот Молох. Врз основа на познатата површина на оваа долина од 7 милиони квадратни метри, белгискиот мислител Нејхт уште во 1877 година изнесе доказ за запремнината на долината Гехена и бројот на души во неа.
Претпоставувајќи дека од почетокот на времето, па до денес, во Пеколот стигнале 29 милијарди билиони души, американскиот физичар Тим Халеј, пред неколку години успеал да го одреди притисокот на Рајот и го преиспитал доказот од Применетата оптика. Тој претпоставил дека густината на вечното мачилиште е рамномерна, дека душите се сложени во најмногу два слоја, бидејќи во спротивно грешниците од средните слоеви помалку би страдале од оние во надворешните и дека просечната висина на една душа е 1 метар, што е средна вредност помеѓу бебе и возрасно лице.
Врз основа на познатата површина, тој ја определил запремнината на празната Гехена и запремнината која ја зафаќаат душите на проклетите. Со оглед на тоа дека процесот на полнењето на Пеколот со души е изотермен, Халеј со помош на формулата за состојбата на идеалниот гас, пресметал дека во Пеколот владее притисок од дури 1.500 атмосфери. Тоа е прилично незгодно окружување за сите оние кои се наоѓаат во него. Меѓутоа, како и да им е на душите, тоа е преголем притисок за преминување на сулфурот во гасовита состојба на температура 525 степени, што значи дека температурата во Рајот е сепак повисока отколку во Пеколот.Колку и да изгледаат бесмислено, овие прашања се всушност само задачи од физиката кои се формулирани на необичен начин.
„А на страшли

Пронајдете не на следниве мрежи: