Волуменот на еден ковчег во просек е 886 литри, а просечниот обем на човечкото тело 66 литри, а тоа значи дека во ковчегот во моментот кога ќе ве закопаат ќе остане околу 820 литри воздух, од кои само 164 литри се кислород.Со оглед на тоа што просечен човек троши околу половина литар кислород во минута, ви треба околу 05:30 да ги потрошите резервите на кислородот. Се разбира, ако сте со ситна градба (повеќе простор за кислород) или професионален нуркач, кој може долго време да го задржи здивот, веројатно ќе сте заштедиле на време. Но во најдобар случај тоа е неколку екстра минути.
Откако ќе ве закопаат не ќе можете да направите ништо за да се спасите. Дури и ако сте успеале да избегате од ковчегот би се нашле на 2-3 метри под земја, која ќе ви го притиска вашиот граден кош до таа точка да не можете да дишете, а за фактот дека земјата најверојатно ќе ви влага во устата и ноздрите, и да не зборуваме. Но, професорот Алан Р Leff од Универзитетот во Чикаго има една добра вест:
“Веројатно ќе чувствувате задушување и тоа би било страшно, но зголемените количини на јаглерод моноксид ќе ве комираат, така што вие нема ни да бидете свесни во последните моменти”.
Извор: КукурикуСо оглед на тоа што просечен човек троши околу половина литар кислород во минута, ви треба околу 05:30 да ги потрошите