Хемиското соединение хлорпирифос што го има во одредени пестициди предизвикува пречки во физичкиот и менталниот развој на децата, покажале најновите студии на научниците, а пренесуваат хрватските медиумиСогласно прописите на ЕУ и Светската здравствена организација , максималниот прифатливо ниво за дневен внес само во краставици е 0,05 милиграми / кг, а постои регулатива за секој земјоделски производ.
Канал 5 анализира колку е опасно ова хемиско соединение. Податоците кои покажуваат колку е опасен пестицидот од корнишоните на Заеви, се застрашувачки. Хемиското соединение е опасно пред се по здравјето на малите деца.Иако во многу земји овој пестицид е забранет, сепак се користи и во земјите на Европската унија како заштитно средство за овошје и зеленчук. Научниците се надеваат дека ќе се зголеми контролата над примената на хлорпирифос во земјоделството и апелираат оваа опасна супстанција ќе биде забранета во производството на храна.
-Тие во неколку групи колку што ги има, сите се исклучително токсични употребени и во поголеми количини, но и во мали количини но хронична употреба . Особено се опасни при употреба кај мали деца оти имаат афинитет кон централниот нервен систем и го забавуваат нивниот физички и ментален развој, значи долготрајната употреба во зголемени концентрати може да доведе до тешки полседици во развојот на малите деца, кај воздрасните исто така може да предизвикаат оштетување на сите ограни во организмот, изјави за Канал 5 проф д- р Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.Според доктор Чибишев за последните десетина години за среќа немало поголеми труења со пестициди кај населението. Пестицидите се користат кај нас, под одредени правила, согласно закон усогласен со стандардите на Европската унија. Сите што употребуват имаат добиено упатства на кој начин да се користат и под кои услови, објави телевизијата.
На секој пестицид стои период на каренца односно период кој е потребен за да се разгради хемикалијата и да нема последиците по потрошувачите. Истите правила важат како за пласман на домашниот пазар, така и за извоз во останатите земји.Согласно прописите на ЕУ и Светската здравствена организација , максималниот прифатливо ниво за дневен внес само во краставици е