Колку ја чинеа Македонија писмата на СДСМ за Еврообврзницата?!

Околу 25 милиони евра, односно 30 училишта, 60 градинки, 50 километри регионален пат. Толку ја чинеа Македонија писмата на СДСМ до инвеститорите за еврообврзницата. Министерството за финансии вчера објави дека каматата по која е продена е 5,6 отсто, иако првично пред писмата имало огромен интерес од инвеститорите и каматата ќе била под 5 отсто, пренесува Лидер.„Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија“ стои во соопштението на Министерството за финансии.
Македонија вчера ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата. Успешното издавање на еврообрзницата е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент. Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат.
Владиниот тим успеа да ги обезбеди неопходните средства значајни за одржување на макроекономската стабилност и развојниот тренд на македонската економија.
Постапката за издавање на еврообврзницата се одвиваше согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.
Наумов: Лага е дека парите од задолжувањето се за следните три години
Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов тврди дека образложението на власта дека парите од задолжувањето ќе се користат во наредините две до три години се лага. Според неговите информации власта денеска со нова манипулација се обидува да направи дополнување на Ребалансот на Буџетот.
– Граѓаните треба да знаат дека се до денеска во ставката депозити во Ребалансот на Буџетот не е планирано да се пренесат средства за 2017 година, вели Наумов.
Според него Владата до Собранието денеска испратила дополнување на Ребалансот со што се зголемува нивото на задолжување. Според него, со вчерашното најново задолжување јавниот долг е зголемен за над 3 милијарди евра и од вчера тој е на ново историско ниво од речиси 5 милијарди евра. Или над 50 проценти од БДП.
Реагираа од МФ: Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа
Од Министерството за финансии реагираа во однос на невистините искажани на пресот на Кире Наумов.
“Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ.
Постапката за издавање на еврообврзницата е согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.
Во проспектот за издавање на еврообврзницата и во одлуката на Владата, кои се службени документи стои дека средствата од еврообврзницата ќе се искористат за буџетските потреби во 2016 и 2017 година и отплата на долг.
И покрај сите опструкции од страна на опозицијата, инвеститорите изразија доверба во економските политики на Владата.
Еврообврзницата ќе обезбеди макроекономска стабилност во турбулентни политички услови“ се вели во соопштението на МФ.„Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвести

Пронајдете не на следниве мрежи: