По бројот на борбите, Битолската околија – најголемата во вилаетот, го држи првото место.Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби – 70 и паднаа најмногу востаници – 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: Цапари – Ѓавато – Смилево 9, Битолско поле и Западно Мориово 6, Крушевско 19, Демир Хисарско 8, Ресенско (Г. Преспа и Д. Преспа) 31. Последната борба беше на 20 октомври од Костурските и Прилепските чети над с. Чаништа, во Западно Мориово.
Во Костурска околија од 20 јули до 18 септември имаше 17 борби: 8 во Пополето, 6 во Корештата, 1 во Кастанаријата и 3 во областа Колоња. Загинаа 83 востаници.
Во Леринската околија од 20 јули до 8 октомври имаше 22 борби – 12 во неретскиот реон и 10 во ниџенскиот. Паднаа 74 востаници. Некои од борбите во Леринско беа заеднички со костурски чети, а други – само оо костурски чети.
Во Охридската околија од 20 јули до 28 септември имаше 31 борба: 3 во Малесијата, 20 во Горна и Долна Дебарца, 7 во Ортакол и 1 во Дримкол. Загинаа 118 востаници. По загуби Охридската околија доаѓа по Битолската.
Во Кичевската околија од 20 јули до 27 август имаше 10 борби; 4 во Горна и Долна Копачка, 4 во Рабетин-кол и 2 во Долно Кичево. Загинаа 64 востаници.
Во целиот Битолски вилает во текот на Илинденското востание имаше 150 борби, во коишто загинаа 746 востаници. Најмногу борби имаше во јули (20-31) – 72, во август – 56, во септември 18 и во октомври 4.
Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври имаше 36 борби, во кои паднаа 46 востаници. Повеќето беа во првиот реон: Мало Трновско – Лозенградско – Бунар Хисарскиот. Распределени по месеци се: во август 29, септември 5 и октомври 2 борби.
Во Солунскиот вилает од 16 јули до 26 октомври имаше 38 борби, во кои паднаа 109 четници.
Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември имаше 15 борби, во кои паднаа 93 четници.
Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.- 21.
За време на целиот Илинденски период во Македонија и Одринско имаше 239 борби, во кои паднаа 994 востаници.
Извор: Лоза.мкОд 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби – 70 и паднаа најмногу востаници – 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: