Старите велат – „Пред Божиќ, зад Божиќ – кај и да си дома да си“.Вечерта пред Божиќ секој во својот дом, во кругот на своето семејство првавославните христијани на богата посна трпеза го исчекуваат Божиќ – Рождеството Христово. Посно гравче, пита со праз или зелка, посни слатки, урми и суви смокви, овошје, риба се основниот прилог на секоја Бадникова вечера. Главен настан на секоја Бадникова вечера е кршењето на лепчето со париче. Главата на семејството го крши лепчето по редеслод: едно парче за Господ, едно за домаќинството, по едно за секој член на фамилијата. За оној што ке го добие паричето – се смета дека годината за него ќе му донесе среќа, здравје и радост.
Една ваква трпеза за Бадник и Божиќ, едно семејство во Македонија ќе го чини околу 2500 денари.
Доколку се одлучите рибата да не ја пржите дома, туку на некое друго место каде ќе ја испржат за вас, ќе треба да одвоите по 60 денари за 1 килограм риба. Зависно од тоа колкаво семејство сте, направете си пресметка. Нашата пресметка вклучува 2 килограми риба,која купена свежа би ве чинела околу 700денари во зависност од тоа за каков вид ќе се одлучите, и за пржењето уште 120 – 200 денари.
Обично оваа вечер се јаде свежа салата, зелка или пак туршија која веќе ја имате направено. Тоа би ве чинело околу 200 денари, и доколку купите кикиритки и други апетисани, суви смокви, маслинки и сл. ќе потрошите околу 700-800 денари.
За пиењето оваа вечер нема да ви требаат премногу пари бидејќи тогаш се пие за чест по една чашка ракија или вино, и секако сок. За пијалаци за бадниковата вечера нашата пресметка изнесува околу 300 – 400 денари.
Доколку се одлучите да купите лепче со паричка тоа ќе ве чини околу 60 ден.
По Бадниковата вечера следува Божиќ. За Божиќ престанува постот, и најчесто Македонците купуваат свинско месо кое го подготвуваат за ручек. Два килограми свинско месо би ве чинело околу 700 денари, за салати како што се руска, француска, пилешка, би потрошиле околу 600 денари.
Кога станува збор за пијалокот, доколку купите 2 литри вино, 2 литри пиво и 3 литра сок, би ве чинело околу 600 – 700 денари.
За колачи и други слатки едно просечно македонско семејство би потрошило околу 500 денари.
Направете ја вашата пресметка…
Среќни празници!Вечерта пред Божиќ секој во својот дом, во кругот на своето семејство првавославните христијани на богата посна трпеза го исчекуваат Божиќ –