Колку пријатели ни се потребни во животот?

Колку вистински пријатели ни се потребни во животот- е прашање на кое тешко се одговара.  Научниците велат пет!Психолозите и социолозите се сложуваат дека тој број не е голем, а оној кој нема ниеден пријател има драматична причина за загриженост. Експертите истакнуваат дека пријателството заедно со семејството е еден од двата главни столбови за емотивна стабилност. Не може да се создаде преку ноќ туку долго време се негува
Во различни животни фази приоритет им даваме на различни пријатели. 
Како да го негувате односот: 
-Трудете се секоја недела да се слушате со пријателите
-Не ги заборавајте важните датуми во нивниот живот
-Праќајте им пораки од време на време за да видите како се
-Кога ги прашувате како се, важно е тоа навистина да ве интересира
-Внимателно слушајте ги кога ви зборуваат
-Не ги прекинувајте своите пријатели за да ги раскажете своите чувства и искуства
-Не е потребно постојано да им купувате подароци, но одвереме на време израдувајте ги со мали детали. 
-Повикајте ги заедно да одите на кафе, концерт, прошетка…
-Трудете се да им помогнете кога и да можете. 

 

Зошто некогаш ги забораваме?
Секој од нас има барем еден пријател со кој долго не се слушнал или видел, а конкретна причина за тоа не постои. Но пријателствата имаат различен карактер, па со време се менуваат и еволуираат и тоа не значи дека пријателите сме ги заборавиле ако долго со нив не сме се слушнале. 
Овие пријателства лесно може да се обноват. Но, потребно е да не дојде во иднина до истите работи па поволно би било да се направи план во кој ќе се обидеме да најдеме време за сите важни пријатели. 
А ова се петте типови на пријатели кои ви се потребни во животот:
Весело
Пријатели со кои би оделе на забава, главно се врзани со младоста и одреден животен статус. Оние кои имаат семејство тешко дека секој ден ќе одат на забава. Не е исклучено дека може да излезат со пријателите но под одредени услови. Можеби нема да излегувате секој ден со нив, но добро е да имате некој кој повремено ќе ве раздрма. 

 

Рационален
Тој се надгледува низ призмата на здравиот разум и неопходен ви е кога сте соочени со тежок животен предизвик. Сигурно не сте се нашле во ситуација во која не сте знаеле каква одлука да донесете па ви била потреба поддршка од ваков пријател. 
Емотивен 
Секогаш ни е потребен пријател кој ќе сочувствува со нас. Кога ви е тешко не ви треба некој кој ќе ви држи лекции. Но, не значи дека мора да одобрува се што правите. 
Економист
Со цел успешно да ги поминете сите проблеми кои ви ги носи животот, пред вас треба да имате еден пријател кој знае да ракува со пари. Ако во животот имате дилеми околу важни инвестиции тој секогаш ќе го има вистинскиот совет.
Семеен тип
Во овој случај постојат различни комбинации. Како семејно дружење, но постојат и заеднички летувања и зимувања. Психолозите и социолозите се сложуваат дека тој број не е голем, а оној кој нема ниеден пријател има драматична причина за загриженост. Експертите

Пронајдете не на следниве мрежи: