Колку сурова може да биде судбината? Погледнете ја најтажната реклама на светот!

Рекламата е направена за потребите на една агенција за осигурување од Хонгконг и го прикажува жртвувањето на еден татко за да биде во можност да ѝ понуди нормални услови за живот на ќеркичката.Кога ќе ја погледнете рекламата која ни доаѓа од Хонгконг, нема да останете рамнодушни на тажната судбина на таткото од видеото.
Имено, во рекламниот спот се прикажани татко и ќерка. Таткото ја носи ќерката во училиште и сѐ делува идилично на прв поглед.
Сепак, кога таа ќе влезе во училиштето, таткото брза да ги одработи најтешките можни работни задачи, со цел да биде во состојба да ѝ обезбеди на ќеркичката пристојни услови за живот.

Моментот кој нема да ве остави рамнодушни, е кога девојчето, кое пишува состав, наведува дека нејзиниот татко лаже дека не е гладен, лаже дека имаат сѐ, дека е среќен и на крај вели дека лаже поради неа!
На крај, тој го чита составот кој завршува со зборовите: „Тато, јас те сакам“!
Подгответе се да го погледнете видеото за кое веруваме дека опишува многу вистинити приказни за тоа колку може да биде сурова судбината на некои луѓе:
Кога ќе ја погледнете рекламата која ни доаѓа од Хонгконг, нема да останете рамнодушни на тажната судбина на таткото од видеото.
Имено, во

Пронајдете не на следниве мрежи: