Оваа колумна се објавува во среда (со датум на печатење од четврток) секоја недела, и поради тоа, ова е многу специјален повод за мене: на 25 мај 1996 година првпат слетав во Македонија, на аеродромот во Скопје. Денес славам две децении со Македонија – во нормален животен век на просечен човек, тоа е многу долго време; во моите средни години, тоа е век. Во тие 20 години видов и научив многу за Македонија…Оваа колумна се објавува во среда (со датум на печатење од четврток) секоја недела, и поради тоа, ова е многу специјален повод за мене: на 25 мај 1996 година првпат слетав во Македонија, на аеродромот во Скопје. Денес славам две децении со Македонија – во нормален животен век на просечен човек, тоа е многу долго време; во моите средни години, тоа е век. Во тие 20 години видов и научив многу за Македонија, за мене и за светот. Всушност, и кога станува збор за Македонија, заборавив повеќе отколку што повеќето луѓе – вклучувајќи ги и таканаречените експерти“ – некогаш ќе знаат. Но прво, како дојдов тука? И зошто?
Пред дваесет години дојдов во Македонија на брзо тридневно патување за да видам дали можам да останам на подолга тримесечна хонорарна работа со „Мрси корпс“, хуманитарна организација со седиште во Портланд, Орегон. Работев во компанија за односи со јавност во Вашингтон и имавме клиенти од Балканот. На едно патување во регионот пролетта 1995 година, водејќи двајца американски конгресмени во мојата група, сретнав господин од „Мрси копс“. Kонтактиравме следната година и пролетта 1996 година тој ми кажа дека ќе ги премести неговите канцеларии од Загреб и Будимпешта во Скопје. Имаше слободно привремено тримесечно работно место во Скопје и ми го понуди. Јас живеев и работев во Вашингтон седум години и си помислив „зошто да не одиш во Македонија, да имаш авантура три месеци и да се вратиш во Вашингтон и да продолжиш со животот?“ Тоа имав намера да го направам. Пристигнав на 15 јули 1995 година (што ќе биде предмет на друга колумна „дваесет години, втор дел“) со намера да работам и да останам три месеци. Останав седум години.
Во изминатите 20 години, вкупно, сум минал солидни десет години во Македонија. Живеев тука од летото 1996 до летото 2003, а потоа минав значителни делови од мојот живот тука во 2004, 2005, 2006 и 2008 година. Другите години, исто така, посетив и минав многу недели и месеци во Македонија, низ цела Македонија. Најверојатно сум посетил повеќе места во Македонија од повеќето Македонци (и не се фалам, само кажувам факт). Во однос на тоа што правев тука, па, тоа не е многу важно. Доволно е да се каже дека бев вклучен во голем број задачи за време на мојот престој во Македонија, како на личен, така и на професионален план.
Што е најважното нешто за мене за моето време во Македонија? Едноставно ова: односите кои имав среќа да ги воспоставам со луѓето од Македонија – сите луѓе, без оглед на нивната заднина. Бев благословен да развијам односи со индивидуи кои ги сметам за фамилија. Стекнав многу пријатели ширум земјата, како и во дијаспората. И овие врски се она што ми значат најмногу затоа што на крајот на денот – на крајот на нашите животи – единственото нешто што навистина е важно е нашата врска со Господ и нашата врска со неговото најскапоцено дело – индивидуите. Од тој аспект, многу бев благословен.
Што видов во тие 20 години? Многу. Премногу за да ставам во една колумна. Но, еве го најважното: иако Македонија моментално минува низ тешко време, знам дека за Македонија ќе биде подобро. Повторно, тука бев две децении – видов и ја преживеав војната во Kосово, конфликтот во 2001 година, политичките махинации во текот на тие 20 години, доброто и лошото е се измеѓу. Додека многу меѓународни политички експерти, многу во академија, тинк-тенкови и други рекоа дека Македонија нема да успее како независна држава во 1991 година, Македонија докажа дека грешат – повторно и повторно и повторно. Македонија успеа каде другите рекоа дека Македонија нема да успее. Само поради тоа што минувате низ проблеми сега, не значи дека е готово. Далеку од тоа. Kога Македонија ќе ја надмине моменталната ситуација, ќе биде посилна затоа што ја надминала. Тоа секогаш е начинот кој функционира за индивидуи – и за нации-држави. Претпоставувајќи дека ги учите лекциите од овој период (а така и ќе биде, секогаш сте го правеле тоа во минатото), ќе бидете посилни во текот на годините.
Затоа верувам во Македонија. Иако моментно живеам и работам во Тусон, Аризона, постојано мислам на Македонија. Всушност, никогаш не престанувам да мислам на Македонија. Kога ќе погледнам во часовникот, често помислувам колку е часот во Македонија и што прават луѓето во тоа време. Читам вести за Македонија во текот на денот (некогаш и премногу) и свесен сум, преку читањето на вестите и разговарањето со пријателите и фамилијата во Македонија, за тоа што се случува. И постојано се молам за Македонија: наутро, навечер и во текот на денот. Зошто? Затоа што нам кои сме христијани заповедано ни е да се молиме и затоа што Бог одговара на молитвите. Можеби не секогаш со одговорите кои ги сакаме, туку одговори кои ни требаат, кои и требаат на Македонија. Се молам за мир, заштита и просперитет на Македонија. Се молам за индивидуалците Македонци кои ги знам, сакам и со кои комуницирам. Се молам за оние во владата и за оние во опозицијата. Се молам за меѓународните претставници кои се вмешани во Македонија. Се молам Бог да ја благослови Македонија – луѓето во Македонија, како и земјата, животните, плодовите.
Тоа беа одлични 20 години и ако е Божја волја, се молам за уште 20! Господ да ја благослови Македонија и долго да живее Македонија!
Пишува: Џејсон Мико за Дневник(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)Оваа колумна се објавува во среда (со датум на печатење од четврток) секоја недела, и поради тоа, ова е многу специјален повод за мене: на 25 мај 1