Команданти на УЧК го окупираат Собранието

Порталот ИНА кој известува на албански јазик пренесува вест дека поранешни команданти на УЧК го посетуваат нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.Во текстот со наслов „КОМАНДАНТИ НА УЧК ГО „ОКУПИРААТ“ СОБРАНИЕТО“, порталот ИНА објавува дека ,,прв пат по независноста на Македонија, албански кадар е поставен на врвот на Парламентот нa Македонија. Уште од првиот ден од инсталирањето на Талат Џафери во неговата канцеларија, „патролираат“ многу граѓани и функционери за да го посетат него и да му посакаат успеси во работата. Последно Џафери бил посетен и од Џем Ламалари-Барут и неговите соборци, кои овој ден и оваа посета ја оцениле како посебна.“
Инаку, Џем Ламалари е поранешен командант на УЧК, познат како командант Барути.
Тој пред два месеци изјавил: Албанците, веднаш, ама баш веднаш треба да прогласиме самостојност, од Липково па се до Преспа. Да формираме комисија за надгледување, од актуелните пратеници до првите државни избори на Илирида.  Јас ке бидам прв нејзин војник.

Во текстот со наслов „КОМАНДАНТИ НА УЧК ГО „ОКУПИРААТ“ СОБРАНИЕТО“, порталот ИНА објавува дека ,,прв пат по независноста на

Пронајдете не на следниве мрежи: