Комарците во Ниш се заразени со вирусот на западнонилска треска, покажаа резултатите од најновото истражување на белградскиот Завод за биоциди и медицинска екологија.Присуството на овој вирус е откриено кај половина од земените примероци на овие инсекти. Директорот на Клиниката за инфективни болести во Ниш изјави дека веднаш е испратен допис до градската Управа за заштита на животната средина за да се изврши итно прскање против комарци во сите спорни локации, а потоа и на останатата територија на градот.
Според податоците на Институтот за јавно здравство на Србија, досега официјално се регистрирани 105 случаи на заболени од Западнонилска треска, од кои 75 се од Белград, а останатите се главно од Војводина. Присуството на овој вирус е откриено кај половина од земените примероци на овие инсекти. Директорот на Клиниката за инфективни болести во Ниш изјав