Слушаме како опозицијата ветува дека АКО победеле на изборите во наредните 3 години ЌЕ обезбеделе 3 милијарди евра за капитални инвестиции во инфраструктурата и ќе обезбеделе раст на градежништвото. Но, како и обично, не даваат одговор од каде и како ќе ги обезбедат ветените средства.Затоа во Комисијата за економија и финансии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ги поставуваме следниве прашања:
– Дали ветените средства ќе ги обезбедат од зголемувањето на БДП остварено во изминативе десет години? БДП по глава на жител во 2003 година изнесуваше 2100 евра, а во 2015 година достигна до 4.400 евра.
– Дали ветените средства ќе ги обезбедат од зголемениот прилив на средства по основ на персонален данок од плати, со оглед на историското намалување на невработеноста од 36% во 2006 година на 24% во 2016 година . Само за потсетување, бројот на вработените во РМ во 2005 година бил 545.253 лица, со просечлна плата од 12.600 ден, додека во 2015 година бројот на вработените изнесува 705.991 лице и просечна плата од 21.895 ден.
– Дали, можеби планираат ветените средства да ги обезбедат со внатрешно задолжување или можеби со издавање на еврообврзница, на што сега како опозиција жестоко се спротивставуваат?
Колку за потсетување, во периодот од 2007 год до 2015 год Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди капитални инвестиции во висина од 178,2 милијарди денари, наспроти 30,1 милијарди денари во периодот од 2003 година до 2006 година. Како резултат на реализацијата на крупни инфрастуктурни проекти, градежништвото како стопанска гранка со години наназад бележи двоцифрени стапки на пораст (21,5% во 2008 год; 11,8% во 2009 год; 38% во 2011 год; 12,8% во 2013 год.) со што е обезбедена поддршка на дополнителни 25 индустриски гранки.
Тоа е разликата помеѓу ЌЕ направиме на СДСМ и НАПРАВЕНОТО и РЕАЛИЗИРАНОТО на ВМРО-ДПМНЕ.Затоа во Комисијата за економија и финансии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ги поставуваме следниве прашања:
– Дали ветен