СДСМ во својата анти владина кампања, жестоко ја критикуваше економската политика на ВМРО-ДПМНЕ за странските дирекни ивестиции (СДИ) во ТИРЗ и индустриските зони. Но, дали нивните критики се основани, реални и веродостојни?Според направената анализа од Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, растот на економијата во Република Македонија во изминативе 10 години ги движат капиталните инвестиции од Буџетот, како и извозот остварен од ТИРЗ и индустриските зони како резултат на СДИ. Странските дирекни ивестиции во земјата кумулативно, за периодот од 2007-2015, достигнаа 2.281 милион евра и се повисоки за 1.498 милиони евра во однос на периодот 2003-2006 или за три пати повеќе. СДИ во периодот 2007-2015 год се за 1.513 милиони евра повеќе во однос на кумулативниот прилив на СДИ во 10-годишното владеење на СДСМ.
СДИ во 2014 год изнесуваа 205,1 милион евра, а во 2015 год 157 милиони евра. Значајно е што СДИ се насочени во гринфилд инвестиции и значително учествуваат во вкупниот извоз на Македонија, кој пак бележи значителен пораст. Извозот од ТИРЗ во 2014 год достигна скоро 1,2 милијарди евра, а во 2015 год се искачи скоро на 1,5 милијарди евра.
Сето ова само потврдува дека СДСМ во својата безидејност прибегнува кон манипулации, омаловажувања и лаги.
Според направената анализа од Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, растот на економијата во Република Македонија