Превземените мерки, политики, како и реализираните конкретни проекти на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ овозможија просечната и најниската нето плата во Република Македонија секоја година да бележат раст, а при тоа невработеноста постојано и во континуитет да опаѓа.
Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола направи анализа за просечната и најниската исплатена плата во Република Македонија.
Просечната исплатена нето плата во јуни 2016 изнесувала 22.187 денари додека во јуни 2005 година изнесувала 12.550 денари или за 11 години заблежала пораст од 56,56 %, или годишно просечната плата пораснала во просек секоја година за 5,14%
Утврдувањето на минималната плата претставува еден од елементите на политиката чија цел е намалување на сиромаштијата и задоволување на основните потреби на сите работници и нивните семејства. За првпат од независноста во 2012 годинa Македонија, синдикатите, работодавците и Владата, го догoворија најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормален учинок. Висината на минималната плата за 2012 година изнесуваше 8.050 денари во нето износ, а истиот износ се однесуваше и за 2013 година, и во наредните години континирано да расти на 8.800 денари во 2014 година, 9.590 денари 2015, и 10.080 денари 2016 година со што Македонија не е единствената земја во која нема утврдено минимална плата. Во дејностите кои се трудо интензивни, производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, минималната плата од 1-ви јануари беше зголемена на 8.050 денари, а во 2016 година изнесува 9.000 денари, во 2017 година ќе се зголеми на 9.590 денари, а во 2018 година ќе изнесува 10.080 денари.
Во 2007 година за 10 проценти е зголемена платата во јавниот сектор, исто и во 2008 година за 10 проценти, во 2014 година за 4 проценти. Од 2006-та наваму, статистиката покажува дека платите на вработените во администрацијата се зголемени за повеќе од 27%.
Според Државниот завод за статистика бројот на вработени во 2005 година бил 545.253, а во цела 2005 година примаат просечна плата од 12.600 денари додека во 2015 година вкупниот број на вработени е 705.991 и во цела 2015 година примаат просечна плата од 21.895 денари и покрај поголемиот број на вработени во 2015 година во споредба со 2005 година просечната нето плата е во континуиран пораст.
Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола направи анализа за просечната и најниската исплатена плата во