Комисијата ги избра добитниците на наградата „13 ноември“ на град Скопје за 2016 година

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2016 година. Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Бранко Цветкоски и членови:д-р Стојан Киселиновски,д-р Марко Китевски,д-р Михаил Груневски, Никола Фиданоски, Авни Халими,  Петар Гичаровски, Санде Стојчевски, д-р Изаим Муртезани, д-р Скендер Асани ипроф. д-р Људмил Спасов.Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:
Од областа на науката:
 1. МИХАИЛ ГАРЕВСКИ, универзитетски професор, за значајни остварувања во областа на науката, образованието и градежното конструктерство
 2. АСЛАН ХАМИЛИ, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“- Скопје, за значајни континуирани остварувања во науката и образованието.
 Од областа на образованието и воспитанието
 1.ТОМИСЛАВ ДИМИШКОВСКИ, професор во пензија,за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.
 Од областа на културата
 1.АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, писател за деца и млади, за значајни долгогодишни остварување во областа на културата и уметноста.
 Од областа на уметноста:
 1.МУШЕРЕФ ЛОЗАНА ПРЕКИЌ, актерка во пензија, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.
 2.ЛЕТКА ПОЛИЗОВА ДИМОВСКА, хорски диригент, за 40-годишна професорска работа како диригент на женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“
 Од областа на публицистиката и архитектурата
 1. ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ, архитетект,  за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонско креирање на повеќе значајни објекти.
 Од областа  на  хуманитарната активност
 1.АЛМИНА АЛИЛОВИЌ, студентка,  за покажана хуманост и спасување човечки живот.
 За ученици и студент
1.ЕВА КАРАМАНОВСКА, ученик во ООУ „Рајко Жинзифов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.
 2.МАРКО НАУМОВСКИ, ученик во СУГС„д-р Панче Караѓозов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.
 Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:

Пронајдете не на следниве мрежи: