Признаен по својата посветеност кон квалитетот, лидерството, технологијата и иновацијата, наградата za ЛЕОРОН претставува успех за Емиратитe во деловниот свет, меѓутоа и за Македонија каде што компанијата има канцеларија од 2010 година и вработува над 100 млади професионалци. Леорон се вбројува помеѓу првите странски директни инвестиции во нашата земја од Блискиот Исток.Наградата ISLQ Меѓународната ѕвезда за лидерство во квалитет (ISLQ International Star for Leadership in Quality) ја потврдува силната посветеност кон високиот квалитет. Г-дин Арбен Јусуфи, генералениот менаџер ја прими наградата во Hyatt Regency Paris Etoile Palais des Congrès Convention Hall од претседателот на BID Хосе Е. Прието (Jose E. Prieto).
Наградите за меѓународен квалитет за 2014 беа доделени од BID (BID Business Initiative Directions) и BID Group One на 21-ви јуни во Hyatt Regency Paris Etoile Palais des Congrès Convention Hall. Настанот го презентираше Хосе Е. Прието, претседател и генерален директор, „Добитниците на оваа награда претставуваат икони на посветеноста кон лидерството, технологијата и иновацијата, тоа им дава пример на другите во нивните сектори.“
„Ние сме многу горди што ја освоивме оваа престижна награда и ја добивме Златната ѕвезда за лидерство во квалитетот. Нашата цел е да обезбедиме највисококвалитетни корпоративни тренинг решенија за нашите клиенти ширум светот и да создадеме професионалци кои ќе бидат од исклучителна важност за нивните компании. Ова е заедничко достигнување на сите вработени во нашатa компанија кои што неуморно работат за да го одржат високиот квалитет на услуга. Оваа Златна ѕвезда им ја посветувам ним“, изјави г-дин Арбен Јусуфи, генерален менаџер на ЛЕОРОН.
Телеграма со честитки до компанијата упати и министерот за странски инвестиции г-дин. Џери Наумоф: „Ова е доказ дека компанија со висок квалитет, со правилна програма за обука може да ги вработи нашите талентирани дипломци и да ги претвори во вистински меѓународни професионалци. Ова се одлични вести за нашата држава и силен показател за другите странски инвестиции за квалитетот и работоспособноста на нашите граѓани.“
Компании од Европа, Америка, Африка, Азија, Океанија и Блискиот Исток ја добиле Меѓународната награда за квалитет и признание за своите достигнувања и посветеност кон квалитетот. Тука се вбројуваат ретроспективно престижните BID добитници: Wal Mart – САД, Dogus Holding – Турција, ICICI Bank – Индија, Kaspersky Lab – Русија, Grant Thornton Russian Appraisal – Русија, Zepter International.
Другите претходни добитници на BID вклучуваат лидери во рударството, инжинерството, нафтената и гасната индустрија, финансиите, банкарството, продажбата и консултанството.Наградата ISLQ Меѓународната ѕвезда за лидерство во квалитет (ISLQ International Star for Leadership in Quality) ја потврдува силната посветен