Компанијата МАКБАТ го претстави новиот бренд, Duracell акумулатори

МАКБАТ е една од компаниите во Македонија која на своите потрошувачи им нуди светски квалитет на своите производи. Оваа година, а за прв пат во Македонија, МАКБАТ својата палета на производи ја збогатува со светски познатиот бренд за акумулатори Дурасел. (DURACELL) 
Вчера вечер во 18 часот, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, во присуство на своите партнери, пријатели, а пред се потрошувачи, свечено беше промовиран овој производ.
 
„Верувам дека скоро сите се сеќавате на онаа реклама од 90’ со зајачето кое е заштитен знак на брендот ДУРАСЕЛ.
Дурасел како бренд за сите нас денес не е само име кое опстојува со години , Дурасел е квалитет кој е присутен  на светскиот пазар а од денес ќе биде присутен и кај нас преку нашата компанија МАКБАТ.
Во долгогодишното работење на нашата компанија постојано размислувавме за тоа како секогаш да бидеме иновативни и да понудиме нешто ново на македонскиот пазар.
Покрај тоа што сме застапници на акумулаторите МОНБАТ и маслото за автомобили ПРИСТА ОИЛ , во нашето работење ја увидовме потребата за воведување на нов бренд кој ќе ги задоволи потребите на  клиентите за High end (Висока класа) на автомобили кој бараат производи со висок квалитет , од Европско потекло со име зад кое стои долга традиција и квалитет. – изјави генералниот менаџер Иван Ѓорѓиевски
Она што му требаше на Македонскиот пазар подолго време конечно можеме да го претставиме денес преку производот на акумулатори од марката Дурасел.(Duracell) – истакнаа од компанијата.
„ Особено сум горд и ми причинува задоволство што сопствениците на ваков голем бренд ни овозможија да бидеме главни застапници и дистрибутери за акумулаторскиот бренд  Дурасел во Македонија.
За сите наши клиенти и соработници ова е нов предизвик и можност за соработка со цел задоволување на потребата за квалитетен производ зад кој стои името на Дурасел.
Задоволството да имаме задоволни корисници е мотото на нашата компанија МАКБАТ и искрено се радуваме на нашата понатамошна соработка“. – додаде Ѓоргиевски.
Инаку, почетоците на компанијата МАКБАТ се уште во далечната 1968 година кога започнува како мала работилница која работи на поправка на автомобилите во областа на акумулаторите.
Денес компанијата МАКБАТ соработува со повеќе од 100 компании како и 26 сервисни станици во Македонија кои се грижат за потребите на своите потрошувачи и да им обезбедат старт на нивните возила секое утро.
  
Вчера вечер во 18 часот, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, во присуство на своите партнери, пријатели, а пред се потрошувачи, свечено

Пронајдете не на следниве мрежи: