Или како што ние би рекле компир со сланина од рерна, само малку на поинаков начин. Фино залеан и запечен со доста сенф, а компирот се топи во уста. Во ова јадење имате и прилог и главно јадење, останува само салата.Состоки
1 кг компири
200 гр димена сланина
1 помала главица кромид
50 мл масло
100 гр тврдо рендано сирење
1 лажичка сув зачин (или по вкус, сланина и сирењето се солени)
2 цели јајца
200 мл павлака за готвење
200 мл течен јогурт
100 мл вода
200 гр димен сув врат (барајте да ви го исечат на тенко)
Подготовка:
Исечкајте го кромидот па на масло и малку вода динстајте.
За тоа време исчистете го компирот и сечете го на подебели кругови.
Ставете да се готви.
Кога ќе проврие нека се вари 10 минути па тргнете.
На издинстаниот кромид додадете исецкана сува сланина и малку се заедно издинстајте (5-10минути )
Исцедете ја маснотијата.
Вклучите ја рерната на 200 степени.
Огноотпорен сад отприлика 30х20 см премачкајте го со масло и наредете половина од компирот по дното.
Преку него ставете кромид и сланина па преостанатиот компир.
Помеѓу тој последниот ред компир искинете парчиња димен врат.
Изматете јогурт, павлака за готвење, изрендано сирење, вода и јајца, додадете сол и со таа маса прелијте го компирот.
Би требало се убаво да се прелие.
Ставете да се пече околу еден час, да добие златно жолта боја а вишокот вода да испари.
Серверајте топло со салата.
Пријатно јадење!Состоки
1 кг компири
200 гр димена сланина
1 помала главица кромид
50 мл масло
100 гр тврд