Додека ги правите може да зготвите и супа, а заедно и со салата имате комплетен ручек.Потебни состојки:
500 гр мелено месо
1 кромид
1-2 мала лажичка вегета
½ чаша ориз
црн и црвен пипер
2-3 чешниња лук
2 л вода
1 јајце
морков
2-3 лажици пченкарно брашно или лебни трошки
½ прашок за пециво
Прелив:
200 мл кисела павлака
2 јајца
100 гр пармезан
Начин на подготовка:
Кромидот исечкајте го па пропржете го во малку масло. Во месото додадете го пропржениот кромид, лук, вегета, црн и црвен пипер, изренданиот морков, брашно, прашак за пециво и јајцето. Оризот измијте го па малку варете го, а потоа додадете го во месото. Замесете.
Направете топчиња со големина на пинг – понг топче. Загрејте ја водата, полека ставете ги топчињата и варете ги на тивок оган 15 минути.
Извадете ги топчињата од вода, ставете ги во сад за печење, прелијте ги со преливот (измешајте павлака, јајце и ренданото сирење или пармезан). Печете на 220 степени околу 15-20 минути.
Водата во која сте ги вареле топчињата можете да ја искористите за супа, додадете малку тестенини и запршка и супата е готова.
Послужете со салата по желба или некој друг прилог.Потебни состојки:
500 гр мелено месо
1 кромид
1-2 мала лажичка вегета
½ чаша ориз
ц