Комплетна обнова на целокупниот железнички возен парк

Пристигна третиот од шесте возови, односно вториот дизел патнички воз. Очекуваме до крајот на мај, почетокот на јуни да стигнат и последните три.Тоа значи дека со овој проект на Владата за обнова на возниот парк, особено во патничкиот железнички сообраќај ќе се обнови околу 60 проценти.
Ова го истакна директорот на Македонски железници Транспорт Никола Костов во синоќешното гостување во отвореното студио на ТВ Нова.
-Кон крајот на годината или во текот на наредната година добивме уверување дека ќе има уште 40 проценти или вкупно 100 отсто обновување на комплетниот железнички возен парк. По 38 години од македонски железници тоа значи една комплетна обнова на целокупниот железнички возен парк, истакна Костов.Тоа значи дека со овој проект на Владата за обнова на возниот парк, особено во патничкиот железнички сообраќај ќе се обнови околу 60 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи: