Комплетно се уреди дворното место во ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп

Заврши реализацијата на проектот околу уредувањето на дворното место во ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Вредноста на проектот кој опфаќаше изградба на паркот, патеки со бекатон плочки, поставување на клупи и друга урбана опрема изнесува околу 400.000 денари, средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ Прилеп, кој и го изработи ова прекрасно катче. 
„Партерно се уреди целото дворно место во ОУ „Добре Јованоски“, уредени се зелените површини и е направен еден прекрасен парк каде слободното време ќе можат да го поминуваат учениците и сите оние кои ќе ја користат новозградената спортска сала во ова училиште. Во дворното место претходно се изгради спортска сала и игралиште со вештачка трева за мал фудбал, така што постепено ова училиште и дворното место прераснуваат во еден прекрасен спортски комплекс кој може да го користат не само учениците туку и сите жители од населбата Тризла и градот“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од ОУ „Добре Јованоски“ велат дека ова катче ќе биде прекрасно место за одмор на сите жители од тој дел на градот.  

„Со целокупното уредување на училиштето како на ентериерот така на екстериерот изградбата на спортската сала остана неуреден само училишниот двор. Но за рекордно време благодарение на локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ се уреди и ова место. Се изгради долга бекатонска патека, земкиштето околу патеката се посеа со зелена трева, се поставија клупи и имаме прекрасно уреден парк во кој одмор ќе најдат учениците, наставниците но и жителите на населбата Тризла“, рече Виолета Лашкоска, директор на ОУ „Добре Јованоски“.
 
  
„Партерно се уреди целото дворно место во ОУ „Добре Јованоски“, уредени се зелените површини и е направе

Пронајдете не на следниве мрежи: