Концерт „Јубилеи за гудачки квартет“ на Пламенка Трајковска – гудачки квартет

Пламенка Трајковска – гудачки квартет на 1 ноември (вторник), ќе одржи концерт во Домот на културата Јане Сандаски во Ново Село.Концертот е со наслов „Јубилеи за гудачки квартет“ и гудачкиот квартет ќе изведе дела од композитори кои имаат јубилеи во 2016 година.
На програмата се композиции од Макс Регер, Сергеј Прокофиев, Ерик Сатие, Самуел Весли и други композитори кои имаат јубилеј. На концертот специјален гостин е Тони Пецанов – бандонеон.
Пламенка Трајковска со својата екипа од малите камерни состави оваа година реализираше голем број на концерти во речиси сите градови во Македонија и првата половина од годината ја посвети на интерпретирање концерти за деца со камерен состав. Летото таа реализираше концерти од отворен карактер на одделните културни лета.
Концертот Јубилеи за гудачки квартет за прв пат премиерно ќе го изведе во Ново село. Концертот се реализира со помош на Министерството за култура.Концертот е со наслов „Јубилеи за гудачки квартет“ и гудачкиот квартет ќе изведе дела од композитори кои имаат јубилеи во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: