Концертна промоција на новиот албум на еден од најомилените македонски бендови Bei The Fish, ќе се случи во петок во МКЦ.
Нивниот последен албум „At The End Of The Sand“ е ново и храбро поглавје во нивната десетгодишна плодна кариера.
Откриваат пространства кои досега не биле посетени и даваат прекрасна интимна, но во исто време и глобална лирика, која тера на размислување.
Целиот нов албум и нивните најдобри песни од минатите плочи ќе можете да ги слушнете во петок, во МКЦ – Денсинг, со почеток во 22 часот, а влезниците чинат 200 ден.
МакфаксКонцертна промоција на новиот албум на еден од најомилен