Конечно решена мистеријата за Џек Мевосек?

Повеќе од 125 години мистеријата за Џек Мевосек била предмет на бројни книги и филмови.Сепак, по неколку години на истражување, еден пензиониран детектив е убеден дека го пронашол криминалецот кој стои зад многу, ако не и сите, убиства кои се припишуваат на злогласниот “Џек”.
Во претходните обиди да се идентификува човекот кој го тероризирал Лондон во 19 век како осомничени биле посочувани уметникот Винсент Ван Гог, авторот на “Алиса во земјата на чудата” – Луис Керол, па дури и роднини на кралицата Викторија. Меѓутоа, пензионираниот детектив Тревор Мериот по 11 години на истражување верува дека виновник за убиствата е германскиот морнар Карл Фигенбаум.
Мериот за британскиот веб сајт Express изјави дека до овој заклучок дошол преку анализа на документи и високотехнолошки форензичарски експерименти. Тој исто така тврди дека Холивуд и многуте митови ги изобличиле бројните факти низ годините.
Она што е вистина е дека пет жени – Мери Ен Николс, Ени Чепмен, Елизабет Страјд, Кетрин Едоус и Мери Џејн Кели, биле избодени со нож во делот на Лондон наречен Вајтчепел помеѓу 31 август 1888 година и 9 ноември истата година. Некои сведоштва тврдат дека телата на жените биле распарчени по смртта, а повеќето искази тврдат дека сите жени биле проститутки и дека се убиени од еден ист човек.
Истрагата спроведена од страна на Мериот со цел да се открие вистината не била ни малку лесна. Тој дури ги изведе на суд Скотланд Јард во 2011 со цел да ја принуди агенцијата да му  предаде илјадници документи поврзани со случајот. До тој момент тој веќе почнал да се доближува до Фигенбаум, морнар чии бродови често биле усидрени близу до местата во кои се случувале убиствата на „Џек“.
Најважниот податок е фактот дека адвокатот на Фигенбаум, Вилијам Лаутон, еднаш пред новинарите изјавил дека верува дека неговиот клиент ги признал убиствата, тврдејќи дека болеста го натерала да ги убие и осакати тие жени. Фигенбаум наскоро потоа бил осуден и погубен поради неповрзано убиство што го извршил во Њујорк во 1894 година.
Сепак, критичарите истакнуваат дека теоријата на Мериот не е многу цврста и дека и кај него се јавува проблемот што го имаат сите истражувачи на Џек Мевосек – недостигот на конкретни докази.
Извор: think.mkСепак, по неколку години на истражување, еден пензиониран детектив е убеден дека го пронашол криминалецот кој сто

Пронајдете не на следниве мрежи: