Конечно „Harry Potter“ доби улога на славен атлетичар!

Британскиот актер Даниел Редклиф, кој е познат по улогата на малиот волшебник Хари Потер, во неговиот нов филм тој ќе го игра легендарниот британски спортист Себастијан Коу.Филмот, насловен како „Злато“, раскажува за едно големо ривалство помеѓу двајцата британци Себастијан Коу и Стив Овет, кои во 80-те владееле на големите трки на 800 и 1500 метри.
Нивното ривалство започнало на Олимписките игри во Москва 1980, а во историјата ќе остане запишано дека Коу сепак бил поуспешен со два златни и еден сребрен медал на Олимписките игри. Коу се покажал непобедлив и после завршетоците на спортската кариера, седум години бил претставник на Конзервативната партија во британскиот парламент, минатата година бил на чело на Олимписките игри во Лондон, и има функција и на претседател на британскиот олимписки одбор.
Овет после својата спортска кариера работел како телевизиски коментатор, а сега живее во Австралија, продуцентите се уште не откриле кој ќе биде задолжен за неговата улога.Филмот, насловен како „Злато“, раскажува за едно големо ривалство помеѓу двајцата британци Себастијан Коу

Пронајдете не на следниве мрежи: