Директорот на управата за имотно-правни работи рече дека средбата со градоначалникот ја искористува за да ја соопшти веста за продажба на објектот на Стоковната куќа во Радовиш и за десетина дена ќе има оглас и истиот објект ќе биде ставен на продажба бидејќи се решени сите правни работи.Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности рече дека веќе осма година по ред се организираат отворени денови со катастарот, овие отворени денови се со цел граѓаните да можат да остварат средби со стручните тимови на катастарот и полесно да дојдат до решение на нивните проблеми во оваа област. Одделението за катастар на недвижности Радовиш има решено 27 127 предмети. Истотака ова одделение активно работеше и на запишување на бесправно изградените објекти и тоа запишани се вкупно 2 537. Агенцијата за катастар на недвижности до сега за Радовиш има изработено 51 бесплатни геодетски елаборати. Инаку рокот за легализација на бесправно изградените објекти завршува заклучно со 31 март 2016 година.
Од 29.12.2015 год. Агенцијата за катастар на недвижности го промовираше дистрибутивниот геопортал на АКН кој има за цел да го олесни и подобри пристапот и користењето на податоците од катастарот за недвижности, геодетските податоци, картографските податоци и податоците од регистарот на просторни единици за овие податоци за да се скрати времето на доставување на податоците до корисниците. Овој систем е наменет за сите граѓани на Р.Македонија и за сите граѓани надвор од границите на Македонија.
Од оваа година Агенцијата за катастар на недвижности отворените денови ги организира заедно со Управата за имотно правни работи се со цел граѓаните веднаш на едно место да ги решат имотно правните работи или да добијаат соодветен правен совет околу потребната документација.
Граѓаните денес го посетуваа одделението на катастарот во Радовиш, се информираа за нивните имоти, но и даваа идеи и предлози за подобрување на функционалноста на катастарот и управата за имотно правни работи.
https://www.youtube.com/watch?v=EKA_ZoDvtB8 – -видео линкДиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности рече дека веќе осма година по ред се организираат отворени денови со катастарот, овие отво