Конечно нешто што ќе не опушти и насмее: Почнува „Опуштено“ со Тони и Део

Конечно можеме добро да се опуштиме! Петтата сезона на најрелаксирачкото ток-шоу „Опуштено” започнува да се емитува на Македонската телевизија. Тони и Део повторно ќе бидат тандем водители кои секој четврток во 22:45 ќе нè засмејуваат и забавуваат со своите екcцентрични шеги и опуштени муабети.„Ја започнуваме петтата сезона што значи дека веќе сме стигнале до еден мал јубилеј, а тоа што останавме заедно како водители сите овие години, не го сменивме концептот на емисијата и одиме понатаму со истата енергија и ентузијазам за опуштен разговор со многу шеги и досетки, зборува дека сме изградиле и бренд. Со сите овие карактеристики, логично беше „Опуштено” да ја преселиме на фреквенцијата на јавниот сервис каде што ќе го добие потребниот публицитет и гледаност”, изјави авторот на емисијата Тони Михајловски.
Веќе се снимени првите неколку изданија кои ќе одат во етер секој четврток во вечерниот термин. Отворањето на петтата сезона ќе ја означат Сашко Коцев како прв гостин, а веќе во втората епизода спроти Тони и Део ќе седат двете дами, пејачката Тамара Тодевска и македонскиот модел со интернационална кариера, Катерина Ивановска.
Музичкиот дел од ток-шоуто повторно е исполнет со изведбите на Скандал састаф, заедно со неверојатниот Тони Михајловски„Ја започнуваме петтата сезона што значи дека веќе сме стигнале до еден мал јубилеј, а тоа што останавме заедно како водители сите овие годин

Пронајдете не на следниве мрежи: