КОНЕЧНО: Откриен е идентитетот на Џек Мевосек!

Англискиот бизнисмен Расел Едвардс тврди дека со помош на познат биолог и биохемичар открил кој е идентитетот на најзлогласениот убиец во историјата на Велика Британија. Идентитетот на најзлогласениот криминалец во Британија  е дознаен по цели 126 години. Имено, Расел Едвардс, кој веќе со години се занимава со случајот, го ангажирал д-р Јари Лухелаинен, светски познат експерт, специјализиран за анализа на генетски докази со историските места на злосторство.
Клучниот доказ е најден на салото на жртвата Кетрин Идоус. Генетскиот материјал е спореден со ДНК-та на нејзините потомци, па со потомците на повеќе од стотина осомничени личности. Со користење на најсовремените методи, утврдено е дека ДНК-та совршено одговара со еден осомничен – полски емигрант под името Арон Космински.

Случајот Кетрин е единствен меѓу жртвите на Трбосек, затоа што таа убиена на отворен простор, во самото средиште на англиската метропола.
Во 1888 година во Лондон, Џек Трбосек уби 5 проститутки. Поради начинот на убиствата и осакатувањето, се верува дека убиецот бил доктор, хирург или месар.
Од  почетокот на истрагата, Космински беше еден од главните осомничени. Тој умре во психијатриска болница на 56- годишна возраст, а за време на убиствата имал 23 години. Идентитетот на најзлогласениот криминалец во Британија  е дознаен по цели 126 години. Имено, Расел Едвардс, кој веќе со години се занимава со

Пронајдете не на следниве мрежи: