Конечно се појави доказ за постоењето на легендарниот ѕвер од Ексмур!

Веќе со децении овој ѕвер ги коле домашните и дивите животни по селските предели на Девон и Сомерсет, успешно избегнувајќи ги разлутените селани кои сакаат да го уловат. Многумина не веруваат дека постои, иако објаснувањето за овој феномен е на дофат на раката. Сега пред вас се наоѓа снимката од оваа машина за убивање.Доколку некогаш се најдете во шумите и полињата на Ексмур во Девон и Сомерсет, во Велика Британија, ви препорачуваме да чекорите со голема доза на претпазливост, да ги изострите видот и слухот и да обрнете внимание на секој звук и движење: можеби ќе бидете плен на легендарниот ѕвер кој уште од седумдесеттите години на минатиот век се шета по овие простори.
Ѕверот од Ексмур стана познат кога еден селанец во 1983 година пријавил дека загубил преку 100 овци за само три месеци, пронаоѓајќи ги нивните трупови кои изгледале дека се насилно заклани.
Животното е опишано како големо, со црна или црно-сива боја, со должина помеѓу еден и два метри од носот до опашот, многу ниско, со можност да прекокне висока ограда и судејќи според она што го зборуваат селаните кои наводно го виделе, може да биде пантер или пума која е пуштена за време на шеесеттите и седумдесеттите години, кога е донесен законот со кој е забрането нивното држење во зоолошките градини.

Меѓутоа, бидејќи нивниот животен век трае околу 15 години, ова сега е малку веројатно. Сепак се знае дека голем број вакви животни завршиле во дивината и не е невозможно дека некои од нив се собрале во глутница.
Ова животно е фотографирано голем број пати. Но, сега пред вас се наоѓа документарец во кој ќе пронајдете и снимка од човекот кој со свои очи го видел ова суштество и ја имал таа среќа со себе да носи камера.
И понатаму сте скептични? Погледнете го видеото:
Доколку некогаш се најдете во шумите и полињата на Ексмур во Девон и Сомерсет, во Велика Британија, ви препорачуваме да чекорите со голема доза на

Пронајдете не на следниве мрежи: