Општина Аеродром е општината која што има потрошено најмалку средства и реализирано најголем број на проекти. По тој повод, во вестите на ТВ Нова гостуваше градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.„Точно е дека Аеродром има реализирано голем број проекти – од образование до урбанизација на општината. Ваквиот резултат се должи на одличната соработка на Аеродром со град Скопје и Владата на Република Македонија. Сите заедно работиме во насока на подобрување на општината“, истакна Коневски.
Говорејќи за проектите коишто засега се реализирани, Коневски посочи дека она што не било реализирано за 40 години, општина Аеродром успеала да го направи за четири.
„Изградивме една градинка, градиме уште две што ќе ги пуштиме во употреба од октомври, изградивме училиште, спортски центар Ново Лисиче, Јане Сандански, направени се околу 10-на нови паркови со голем број на содржини, спортски игралишта во сите населени места, истовремено и детски игралишта. Меѓу проектите што ги реализиравме има и голем број паркинг места, јавно осветлување, фекална канализација, во минатото луѓето немаа основни услови за живеење – улици и канализација, нешто што не беше реализирано 40 години го направивме за четири“, истакна Коневски.
Општина Аеродром го ужива статусот на најзелената општина во Скопје, за што Конески рече дека општината има најмногу зеленило и на нивно на Македонија.
„Ако евопските стандарди се 7 метри квадратни по глава на жител, во Аеродром има 28 квадратни метри. Целта е жителите на општината да можат да се рекреираат, парковите се за луѓето од сите генерации“, вели Конески.
Во интервјуто на ТВ Нова градоначалникот на општината зборуваше и за идните проекти.
„Имаме голем број проекти што треба да бидат завршени до крајот на мојот мандат. Во план е изградбата на тениски спортски центар, планираме да изградиме уште едно ново училиште во населбата во соработка со Министерството за образование, нова улица во стариот дел од општината“.
Ова се само дел од проектите што ги посочи Коневски кој спомена и дека општината заедно со ЕЛЕМ работи на реализација на рајската градина.
Меѓу мноштвото проекти за кои зборуваше Коневски, тој говореше и за неколку подобрувања направени во образовниот систем во оштината.
„Набавивме бесплатни униформи за сите деца во општината, околу 8.000 униформи. Целта на проектот е сите деца да изгледаат исто, да се фокусираат повеќе на учење, да нема социјални разлики додека се на училиште, тоа е еден успешен проект кој го поздавуваат сите родители“, рече Коневски.
Кога станува збор за градинките, оштина Аеродром работи на проект за изучување на англиски јазик од најрана возраст.
„Во рамки на градинките планираме бесплатен англиски јазик, вработивме наставници. Во минатото таа услуга ја плаќаа родителите, решивме да вработиме наш стручен кадар. Истовремено ги стимулираме децата, со тоа што најдобрите ученици ги праќаме на едукација во Лондон, се сместуваат во рамките на семејствата, каде учат нова култура, го применуваат начинот на едукација. Очекувам соработката да продолжи и понатаму“, додаде градоначалникот на скопската општина.„Точно е дека Аеродром има реализирано голем број проекти – од образование до урбанизација на општината. Ваквиот резултат се должи на о