Интегрален текст од прес конференцијата одржана во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при што се обрати Ивица Коневски.Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија.
Македонците кои не прифаќаат промена на Уставот и кои се противат на воведувањето на двојазичност на целата територија не се грдото лице на Македонија.
Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Aеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија
Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија.
Грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци.
Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување на 63 пратеници најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување на двојазичноста на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување на 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија нема да се редефинира.
Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија.
Македо