Соработката на социјалните партнери на локално ниво треба да делува кон подобрување на деловното опкружување, развој на претприемништвото, здравствената и социјалната политика, даночната политика, вон-буџетските давања, образванието, пазарот на трудот како и да претставува основа за развој на системот за мирно решавање на работните спорови.Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски на конференцијата на тема „Локалните Економско Социјални Совети ЛЕСС – двигатели на локалните политики за вработување”, во организација на УСАИД Мрежа ЈЕС.
– Соработката на социјалните партнери на локално ниво дополнително ќе помогне во создавањето предуслови за планиран економски развој на Општините, намалување на невработеноста на локално ниво и ќе го поткрепи процесот на децентрализација во Република Македонија, рече Ташевска-Ременски.
Според неа, ефикасноста во работењето на локалните економски совети, пред се зависат од подготвеноста и разбирањето на самиот концепт на социјалниот дијалог од страна на сите инволвирани партнери, од посветеноста и професионалноста на членовите на советите и финансиската поддршка на општините.
Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли нагласи дека оваа конференција е важна можност да се зајакнат врските меѓу ЛЕС, да се воспостават линии на комуникација и придонес од поединечните ЛЕС до Националниот Економско Социјален Совет НЕСС.
– Локалните совети се според моделот на Националниот економско-социјален совет, но имаат некои клучни разлики. Освен претставниците на работодавачите, на вработените, на синдикатите и на државните институции, локалните совети вклучуваат и просветни работници, медијатори за вработување, како и поединци кои може да ги застапуваат интересите и перспективите на лицата со попреченост и на младите. И кога сите чинители имаат глас заедничката перспектива и сознанијата се многу посеопфатни и имаат многу поголеми изгледи да се развијат ефективни политики, истакна Бејли.
Според него добро функционирачки ЛЕС може да оствари вистински прогрес во генерирање нови работни места и зголемување на економската активност. ЛЕС можат да бидат единствено ефективни доколку општинските совети и другите ги спроведат неговите препораки.
– ЛЕС се извонреден ресурс за еден град, преку формализиран дијалог креаторите на политиката, претставниците на јавноста и експертите преку заедничката работа може да утврдат поточно кои се специфичните предизвици на нивните заедници и најдобри начини за одговарање на нив. Истражувањата покажуваат дека јавно приватниот дијалог доведува до поголема транспарентност, доверба и ефективност на политиките. Заедниците покажуваат со подобро развиени стратегии преку ваков начин имаат поголема претставеност пред инвеститорите и имаат подолготраен ефект, потенцира Бејли.
Бејли ги повика општинските лидери да ги искористат ресурсите на ЛЕС да продолжат да им користат на нивните заедници и да ги институционализираат улогите на ЛЕС во политиките и во процесот на градење политики, како и да изнајдат начин за нивно одржување.
Директорот на УСАИД Мрежа JEC Ѓорѓи Кушевски во презентацијата на работата и функционирањето на ЛЕСС истакна дека последните информации од Заводот за статистика зборуваат за бројка од околу 48 проценти невработеност кај младите што, како што рече, иако има некој мал тренд на опаѓање е исклучително голема бројка.
– Во сите овие години во имплементација на проектот секогаш кога зборуваме со бизнисмените, тие споделуваат една друга информација, односно велат дека иако бројката на невработени е толку голема, работата има, меѓутоа буквално велат нема кој да работи, односно младите коишто аплицираат за работа ги немаат оние вештини и барања коишто ги бараат работодавачите и не можат да одговорат на потребите на модерниот пазар на труд. Затоа и овој проект во последните неколку години го адресира токму ова прашање, рече Кушевски.
Во соработка со бизнисмените биле утврдени оние области каде што проектот треба да интервенира.
-Бизнис секторот потенцираше три области коишто се исклучително важни ако сакаме да едуцираме, да обучуваме млада сила која што ќе биде способна да одговори на потребите на пазарот на трудот, истакна Кушевски.
Според него биле констатирени недостаток од т.н. меки вештини, на работно искуство на младите уште додека се во образовниот процес и кариерното планирање, односно идентификување на она што еден млад човек го знае, умее, може, што го интересира, што сака да го работи…
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски истакна дека формирањето на Економско-социјалниот совет на национално ниво на нови основи и неговото функционирање покажа дека се зголемува социјалниот дијалог во Република Македонија особено по 2010 година.
– Тоа беше основа тие добри практики, функционирањето на социјалниот дијалог на некој начин да го институционализираме и преку формирањето на локалните економско-социјални совети. Тоа беше причината и Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со УСАИД да ја почнеме кампањата во 2013 година за формирање на локални економско-социјални совети на ниво на општини во РМ и тие добри практики да ги имплементираме, рече Митревски.
Според него тие практики се реални, и дека, како што рече, дојде до зголемување на работните места посебно на младите луѓе.Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски на конференцијата на тема „Локалните Економско Соц